МОЖЕН КОНФЛИКТ И НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Аналитичарот Даниел Сервер не исклучува можност за насилство поради екстремисти во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот аналитичар Даниел Сервер во најновото издание на списанието на Советот за меѓународни односи не ја исклучи можноста за избивање насилство поради екстремисти во Македонија, во Албанија и во Србија – пренесува порталот „Експрес

Тоа, според него, би можело да доведе до нов бран етничко чистење, злосторства против човештвото, менување на границите, понатамошна исламска радикализација и колапс на постоечките институции во регионот.

Сервер наведува три опции за спречување на таквиот развој на настаните: понатамошно спроведување на политиката на европска интергација на Западен Балкан, прекројување на границите и многу поактивен американски ангажман отколку досега.

 

Втората опција ја отфрла, бидејќи „не е само спротивна на американските интереси, туку оди и против основните демократски вредности на САД“, лично заложувајќи се за третата солуција.

„Тоа би била нова американска иницијатива, но во областа само на неколку најважни прашања, вклучувајќи ги уставната реформа во Босна и Херцеговина, статусот на Косово и прашањето на името на Македонија“, пишува тој.

„Русија ќе направи апсолутно сè што може за да го спречи влезот на Македонија во НАТО, како што се бореше против влезот на Црна Гора во НАТО, а во Република Српска ќе преземе сè што може за Милорад Додик никогаш да не прифати ниту еден предлог за уставна консолидација на Босна и Херцеговина“, смета тој.

Даниел Сервер е професор по менаџирање конфликти, директор на Програмата за конфликтен менаџмент и вис соработник на Центарот за трансатлантски релации на Школата за напредни меѓународни студии „Џонс Хопкинс“.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This