На пребројани 98,92 проценти од гласовите на парламентарните избори во Бугарија, „Има таков народ“ (ИТН) предводена од бугарскиот телевизиски шоумен Слави Трифонов е во тесно водство пред партијата ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, покажуваат резултатите на ЦИК, објави бугарската ТВ Нова.
Бугарската социјалистичка партија (БСП) останува трета со 13,51 отсто од гласовите. Следна е „Демократска Бугарија со 12,56 проценти.
Изборниот цензус од 4 проценти, според сегашните резултати, во поминаа и Движењето за права и слободи (ДПС) со 10,66 отсто и „Исправи се! Излези“ со 5,03 проценти.