МОЖНА СРЕДБА ТРАМП-ПУТИН: „Можно е да се сретнеме“ вели Трамп за можноста да се сретне со Путин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро може да се состане со рускиот претседател Владимир Путин.

“Можно е да се сретнеме”, изјави Трамп во петокот во програмата на ТВ каналот “Фокс њуз”, на прашањето дали тој наскоро би можел да се сретне со рускиот претседател.

Трамп, потврди дека, според него, Русија треба повторно да стане дел од Г-7 и дека, би требало да се врати, форматот “Г-8”.

Медиумите претходно објавија дека претседателот на САД, пред државите дело од “Г-7 на самитот што се одржа неодамна во Канада, Трамп изјавил дека Крим припаѓа на Русија.

“Доналд Трамп изјавил пред лидерите на Г-7, дека Крим е Руски бидејќи сите кои живеат таму зборуваат руски”, изјави дипломатски извор, додавајќи дека американскиот лидер исто така изјавил дека “Украина е една од најкорумпираните земји во светот “.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова претходно изјави денеска дека Москва и Вашингтон се во близок контакт во врска за голем број на прашања, вклучувајќи го и евентуалниот состакнок Путин-Трамп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This