МОЖНИ ИМИЊА ЗА КАНДИДАТ: Во СДСМ почнаа да се вртат имиња на можни кандидати!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според последните информации со кои располага јавноста претседателскиот кандидат на СДСМ за претстојните избори ќе се знае до овој петок, иако јавноста не може да биде сигурна во ова поради начинот на кој што беше одложуван ставот за предвремени парламентарни избори на власта. Оливер Спасовски во овие моменти е еден од клучните имиња кои кружи во јавноста како потенцијален кандидат на СДСМ за претседател, но покрај неговото име се погласно се споменуваат имињата на несудениот претседател, Стево Пендаровски и Никола Димитров.

Името на министерот за внатрешни работи и официјално се спомена како кандидат за претседател по предлогот од општинската организација на партијата во Куманово, но според информациите со кои располагаме тој заедно со Пендаровски и Димитров се предлагаат и од други општински крила на СДСМ. Општинските во нивните номинации може да испратат до 5 имиња, а овие три се меѓу најчестите кои се наоѓаат на нивните листи.

Покрај оваа тројка во јавноста веќе се обајвени имињата на четворица други кандидати кои конкурирале на јавниот повик на Бихаќка. Меѓу нив, најзвучно е името на поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов, еден од основачите на Агенцијата за разузнавање, Тони Перовски, архитектот Божидар Ночев кој пред пет години конкурираше и во ВМРО-ДПМНЕ и поетот Игор Поп Трајков.

Сите самопријавени и пријавени на огласот може да се објават уште во петок. СДСМ за во недела на 3 март, закажа партиски конгрес, но кандидатот со кој ќе трча власта на претседателски може да биде познат уште деновиве ако Зоран Заев успее да договори заеднички консензуален кандидат со ДУИ и останатите партии со кои се среќаваше изминатиот период. На конгресот, тој само би бил потврден.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најави дека денеска ќе има средба со Заев, тајмингот сѐ уште не е познат, но очекувано ќе биде по завршувањето на собраниската седница за пратенички прашања. Од двете партии се очекува фокусот да биде токму името на кандидатот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This