Можни ли се рестрикции на струја во зимата, експерти алармираат – состојбата е катастрофална

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако се продолжи со оваа негрижа и непланско работење, а имаме долга студена зима за жал можни се и рестрикции на електрична енергија, вели во разговор за Фактор Сања Божиновска, енергетски консултант, советник за енергетика која моментно работи надвор од Македонија, пренесува Фактор.

Вели дека државата задоцнила со решенијата за енергетската криза, а ги проблематизира и набавката на јагленот за РЕК Битола и активирањето на ТЕЦ Неготино која работи на мазут.

Во каква ситуација се наоѓа во моментов Македонија, како се доведовме тука, ова од аспект на задоволување на потребите за струја и на домаќинствата и на компаниите?

Божиновска: Кога се зборува за енергетика, мора да се напомене дека тоа е стожерот на една држава и секогаш треба да се има јасно дефинирана долгорочна стратегија. Моменталната состојба е резултат на повеќе фактори кои влијаат, меѓу кои најважни се производните капацитети и планирање на производство на електричната енергија. Општо познато е дека РЕК Битола е најголем енергетски капацитет кој ја снабдува Македонија со електрична енергија произведена од јаглен. Минатата година нашата влада одлучи да спроведе зелено сценарио до 2040, кое што значи искористување на обновливите извори на енергија и гаснење на РЕК Битола и укинување на овие работни места. Тоа вака на хартија звучи одлично, меѓутоа еве сме октомври, не дошла ни вистинската зима, а ние сега распишуваме тендер за набавка на милион тони јаглен. Истотака управувањето со нашиот хидро потенцијал во последниот период е катастрофален, како и објавените продажби на вишоци на електричната енергија од страна на ЕСМ. На ова исто така влијае и неизвршување на предвидените ремонти, како и негрижата за рудниците и залихите на јагленот. За жал повеќе фактори и подолг временски период несовесно управување со енергетскиот систем не доведоа во оваа ситуација. Затоа ситуацијата во моментов на нашиот електроенергетски систем е катастрофална. Причини кои доведоа до тоа се повеќе, но една е константна која ги поврзува сите – поставување партиски кадри на витални места во сите енергетски компании кои апсолутно не можат да се носат со проблемите во работењето. Понатаму донесени регулативи со кои тотално неодговорно се потрошија акумулациите. На пример од 1 јануари 2020 година значи скоро две години заради тогаш донесените акти за работење на секундарната и терцијарната регулација од страна на РКЕ се потроши непотребно огромна количина од водата во акумулациите. Од друга страна, во време кога цените на струјата на берзите беа најниски, ЕЛЕМ неколку лета по ред продаваше електрична енргија од хидропотенцијалот Не видовме анализа колку била хидро а колку термо. Ама затоа денес влегуваме во зимска сезона со најминимални коти на хидроцентралите – 60.000 мегаватчасови. Понатаму лошата и непланска експлоатација на рудниците предизвика на депонијата на РЕК Битола да имаме минимални резерви на јаглен од само 10.000 тони за работа на еден блок неколку дена. Така ние како држава влегуваме тотално неподготвени во престојната зимска сезона што никогаш не било претходно.

Што се однесува до струјата за домаќинствата, тоа е одржување на социјалниот мир. ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН за цена од 36,10 евра за Мегават час. За споредба, моменталната цена на релевантната берза за електричната енергија за 19 октомври е 242,61 Евра (базна енергија). Тоа значи дека државата свесно ја продава својата енергија за дампинг цена, меѓутоа со непрофесионално управување на ресурсите производството се намалува констатно и прашање на време ќе биде до кога ова ќе биде одржливо. Да не заборавиме, ДДВ-то е намалено меѓутоа и тоа е краткорочно решение.

Од овој аспект, сметате ли дека наскоро може да дојде до проблем на дневно ниво да се задоволуваат потребите?

Божиновска: Состојбата со термо блоковите е катастрофална. Блокот 3 е надвор од функција. Блокот 2 нема јаглен за работа и работи со максимална потрошувачка на мазут и малку јаглен со половина моќност на граница на технички минимум. Блок 1 е исклучен од погон поради тоа што нема јаглен и енормна потрошувачка на мазут со максимум од сите осум мазутни бренери и така се трошат 16 тони мазут на час и оптеретување од 120 MW. На 11.10.2021 година е исклучен од погон затоа што технолошкиот процес не дозволува таков режим на работа. Термо блоковите не се квалитетно ремонтирани, котлите не се довршија со модернизацијата, десулфуризацијата не е направена, ниту еден проект за подобрување и одржување на опремата и заштита на животната средина не се реализира.Состојба вообичаена во последните 5 години, каде што имаме повеќе хавариски ситуации, отколку нормален производствен процес.Ако се продолжи со оваа негрижа и непланско работење, а имаме долга студена зима за жал можни се и рестрикции на електрична енергија. Доколку се случи тоа што се случи за време на енергетската криза во 2011 година која беше многу помала од денешната кога преносните оператори ги суспендираа кросбордерите и секоја држава беше оставена сама на себе во своето производство нас како држава ни претстои ужасно тешка зима. Може да дојде до големи редукци.

Целото интервју прочитајте го на Фактор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This