МОЖНОСТА ОД НУКЛЕАРЕН СУДИР НИКОГАШ ПОБЛИСКУ: Пјонгјанг лансира ракети кон Јапонија, Трамп се заканува со „силен притисок“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доналд Трамп изјавил дека „сите опции се на маса за Северна Кореја“, според соопштение кое го лиферуваше прес службата на Белата Куќа. Ова доаѓа откако Пјонгјанг истрела балистичка ракета над Јапонија

„Светот ја прифати последната порака на Северна Кореја јасно и гласно, овој режим ја сигнализираше намерата кон своите соседи, за сите членки на Обединетите нации, и за минималните стандарди на прифатливо меѓународно однесување“, рекол Трамп во соопштението, мислејќи на лансирањето на балистичка ракета која прелета над северниот дел на Јапонија.

„Заканувачки и дестабилизирачки активности само ќе ја зголемат изолацијата на Северна Кореја во регионот и помеѓу другите нации во светот. Сите опции се на маса“, додава Трамп.

Коментарите биле објавени само по неколку часа по 40-минутниот разгоор со Јапонскиот премиер Шинзо Абе, по лансирањето на ракетата од страна на Пјонгјанг.

Трамп и Абе се согласиле дека „Северна Кореја претставува сериозна закана за интересите на САД, Јапонија и Република Кореја, како и за земјите во светот“, се додава во соопштението.

Тој додава дека САД и Јапонија ќе „продолжат да го зголемуваат притисокот врз Северна Кореја, и ќе направат се да ја убедат меѓународната заедница да го направи истото“.

Неколку часа по лансирањето на балистичката ракета, Северна Кореја го обвини САД за туркање на Корејскиот полуостров во „екстремно ниво на експлозија“, што ќе ги „оправда силните котнра-мерки“ на Пјонгјанг.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This