April 26, 2024, 10:53 pm

Молитва за добра ноќ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Благослови нè оваа ноќ, Господи, да се одмориме и да имаме добар сон. Прости ни за сè што направивме денес, а не Те прослави.

Ти благодарам што многу нè сакаш. Потребна ни е Твојата помош секој ден, Ти благодариме на силата која ни ја даваш и што знаеме дека со Тебе е возможно и она што ни е тешко.
Благослови го нашето семејство и нашиот дом и чувај нè оваа ноќ.

Ти си наш Пастир кој нè чува и води. Ти ги знеш нашите имиња и правиш сè да се чувствуваме сакани и посебни. Кога сме повредени, ни помагаш да се чувствуваме подобро.

Ти благодариме што се грижиш за нас и за сè што си ни дал.

Кога ќе се разбудиме наутро, стави ни насмевки на лицата и своја цел во срцата да бидеме подготвени за почетокот на новиот ден.
Во Христово име,

Амин!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This