April 19, 2024, 12:25 pm

МОЛИТВА КОН ГОСПОДА: Утрински молитви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Господи, Седржителу, Боже на силите и на секое тело, Ти живееш во висините и мило­срдно погледнуваш на нас смртните. Ти ги испитуваш срцата и јасно ги знаеш човечките тајни. Ти си беспочетна и вечна светлина, во која нема промена или сенка од измена.

Бесмpтен Царе, прими ги нашите молитви, што, надевајќи се на Твоето милосрдие, Ти ги принесуваме од нашите нечисти усти. Прости ни ги прегрешенијата што сме ги на­правиле со дела, зборови имисли, свесно или несвесно. Очисти нè од секаква нечисто­тија на телото и духот.

Ние, кои го чекаме доаѓањето на светлиот и славен ден на Твојот Единороден Син, Господ и Бог наш Исус Христос, кога ќе дојде во слава, како Судија на сите, за да даде секому според не­говите дела; дај ни со бодро срце и трезвена мисла да ја поминеме ноќта на сегашниот живот.

Да не бидеме безгрижни и мрзливи, туку да бидеме бодри и работливи, за да нè најдеш подготвени, за да влеземе во радоста на божественото живеалиште на Твојата слава, кајшто не престанува гласот на оние што празнуваат и неискажлива е радоста на оние што ја гледаат бескрајната убавина на Твоето лице, зашто Ти си вистинската светлина што го просветува и осветува целиот свет, Тебе Те прославува секое создание во вечни векови. Амин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This