April 25, 2024, 10:20 am

Молитви што ги слуша Бог

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Постојано молете, и ќе ви се даде; постојано барајте, и ќе најдете; постојано чукајте и ќе ви се отвори. Зашто секој кој моли добива, и секој кој бара наоѓа, и секој кој чука ќе му се отвори“ (ЛУКА 11:9, 10).

Покажувајќи целосна доверба во зборовите на Исус Христос цитирани погоре, многу христијани му се обраќаат на Бог во молитва за своите проблеми и грижи, сигурни дека тој ги сака и дека се грижи за нив. Меѓутоа, некои се фрустрираат додека чекаат нивните молитви да бидат одговорени. Дали мислиш дека твоите молитви се залудни? Дали Бог слуша кога се молиш?

Дури и ако навидум не добиваш одговор на молитвите, тоа не значи дека Бог не ги чул. Библијата нѐ уверува: „Очите на Бога се насочени кон праведниците, а неговите уши кон нивното преколнување“ (1. Петрово 3:12). Значи, Бог ги слуша молитвите на праведните, сеедно дали се кажани гласно или, пак, се изговорени во срцето (Еремија 17:10). Исто така, Бог ги испитува мислите и чувствата што стојат зад секоја молитва, кои дури ни тој што се моли можеби не ги разбира потполно ниту, пак, е свесен за нив (Римјаните 8:26, 27).

Меѓутоа, молитвите мораат да задоволат извесни барања за да му бидат прифатливи на Бог. Прво, мора да му бидат упатени исклучително на Бог . Исто така, молитвите мора да се упатуваат во името на Божјиот Син, Исус Христос (Јован 14:6). Дали ова значи дека нашите молитви најнапред ги слуша Исус а потоа му ја пренесува пораката на Бог? Не. Наместо тоа, кога го молиме Јехова во името на Бог, ние се идентификуваме како Христови ученици и признаваме дека само поради неговиот откуп можеме да му пристапиме на Бог (Евреите 4:14—16).

Молитвите мора да се упатуваат со вера. Апостол Павле истакнал: „Без вера е невозможно да му се угоди [на Бог], зашто оној кој му пристапува на Бог мора да верува дека тој постои и дека ги наградува оние кои сесрдно го бараат“ (Евреите 11:6). Како може некој да знае дали има таква вера? Библискиот писател Јаков одговара: „Ќе ти ја покажам својата вера преку своите дела“ (Јаков 2:18). Да, верата создава дела, а тие, пак, покажуваат дека го сакаме Бог и дека се трудиме да му угодиме.

Исто така, обожавателите на Бог мораат да бидат упорни кога се молат. Исус јасно го кажал тоа во Лука 11:9, 10, како што е цитирано во почетокот. Всушност, ако некој се моли само еднаш за некоја работа, зарем тоа не покажува дека не е вистински сериозен во врска со своето барање?

дали е залудно да му се молиме на Бог во врска со лични работи како што се наоѓањето соодветен брачен партнер или за тоа како да постапуваме во семејството, за здравјето или за проблеми со вработувањето? Не, бидејќи иако Бог не ветува дека ќе направи чудо за да ги промени околностите во нашиот живот, тој ќе ни даде мудрост да се справиме со нив. Во врска со искушенијата, Јаков напишал: „Ако некому од вас му недостига мудрост, постојано нека бара од Бог, зашто тој им дава дарежливо на сите и без прекорување; и ќе му се даде“ (Јаков 1:5)

Запишано во Библијата во Исаија 41:10: „Не бој се, зашто Јас Сум со тебе; не обрнувај се исплашено, зашто Јас Сум твој Бог. Јас те крепам и ти помагам, те потпирам со победничка десница“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This