МОЛК ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ДВАЈЦАТА ФУНКЦИОНЕРИ: Зоран Заев се одмаздува на двајца негови функционери бидејќи краделе без да го вклучат и Вицето!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Молк во Јавното обвинителство по повод информациите за идентитетот на двајцата функционери од Владата против кои се води истрага за криминал и корупција, иако во јавноста веќе се споменуваат имињата на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски и вицепремиерот Кочо Анѓушев

 

Останува отворено прашањето, а засега нема ниту потврда или демант од Владата дали двајцата високи функционери против кои е отворена истрага за криминал направен пред три месеци, се Рашковски и Анѓушев.

Одговор нема ниту колку пари се украдени, ниту на кој начин е сторено тоа. Најголемата дилема е фактот што Заев одлучи јавно да соопшти детали од истрагата, што пак отвара сомнеж дека Заев се одмаздува или пак испраќа порака дека криминал без негово учество во пленот не смее да има.

Криминалистите пак сметаат дека се работи за обид да се отвори можност и навремено предупредување, посочените функционери да имаат доволно време да го сокријат криминалот и трагите кои ги оставиле, но не ја исклучуваат можноста дека се работи за сериозна намера на Зоран Заев да елиминира било кој што би направил криминал без негово знаење без споделување на дел од пленот.

Според непотврдени информации пак, идејата за ваков настап и отворање на истрага против владини функционери, потекнува од братот на премиерот Вице Заев кај кого јавноста беше сведок дека се уплаќаат парите по системот „едно евро за црквата, едно за вицето“.

 

Според неофицијални информации, предистражна постапка навистина се води, а сите показатели укажуваат на тоа дека истата е против вицепремиерот Анѓушев и генералниот секретар на владата Драги Рашковски, кои во изминатите шест месеци беа инволвирани во низа на афери во врска со финансиски малверзации и злоупотреба на службената должност.

Имено, Драги Рашковски во низа наврати беше обвинет за непотизам поради вработувањето на негови блиски роднини на високи раководни функции во владата, каков што беше примерот со неговата баба, која ја постави за шефица на бирото за јавни набавки.
Освен ова, т.н. свиркачи на интернет објавија и податоци за криминогеното работење на Рашковски кој свовремено му го доделил тендерот за правни работи на Владата на неговиот кумашин. Тендер вреден неколку десетици илјади евра, договорен во четири очи.  За овие пари немаше никаква реакција од надежните институции, иако Владата вработува правници кои добиваат плата за правните работи во домен на владините служби.

Меѓу останатото, Драги Рашковски јавноста го обвинуваше дека интервенирал лиценцата за ископ на рудникот „Иловица“ да го добие компанија блиска на семејството Рашковски, односно фирма во која работи неговата сестра.

Проблематично е и себеназначувањето на Рашковски за член на Управниот одбор во Телеком од каде самиот на себе си додели 500 евра надомест и сите останати бонуси.

Токму колегата од факултетските денови на Рашковски, и член на „Левица“ Димитар Апасиев откри и уште една проблематична одлука на секретаријатот на Владата која го доделила тендерот за електронско полагање на правосудниот испит на генералниот секретар на владата Драги Рашковски.

Поради овие обвинувања, Рашковски е дел од истрагата на Јавното обвинителство која ја најави Зоран Заев, од информации кои незаконски ги добил.

Освен Рашковски, во предистражна постапка најверојатно се наоѓа и вицепремиерот Кочо Анѓушев, а како што се дознаваме од извори блиски до истрагата се работи за криминалниот тендер на Анѓушев во ЕЛЕМ како и неговата вмешаност во случајот со „ФЕНИ“.

Имено, вицепремиерот Анѓушев ги инструирал надлежните тендерот за ископ на јаглен во ТЦ „Осломеј“ да биде доделен на неговата фирма, со што ја оштетил државата и не дозволил слободна проценка на тендерските понуди на која би можела да се одбере најповолната

Дополнително, во предистражна постапка е и тендерот за набавка на ленти за потребите на АД „ЕЛЕМ“ но и раскинувањето на договорот со „МЕПСО“ со кој државата е оштетена за 230.000 евра, пари кои ги инкасираше фирмата на Анѓушев.

Проблематични се и оф-шор компаниите на Анѓушев кои вицепремиерот не ги попишал во анкетниот лист до Комисијата за спречување на корупција. Едната офшор фирма се наоѓа во соседна Србија, а друга во Сингапур.

-Медиумите објавија дека Анѓушев поседува фирма во соседна Србија, за производство на жичани производи, синџири и опруги, под името „Brako Wire Products“ која не можеле да ја најдат во анкетниот лист на Анѓушев. Јавноста се прашува уште колку фирми низ светот поседува Кочо Анѓушев, кои не се пријавени во неговиот анкетен лист. Што крие Анѓушев од јавноста и зошто не ја навел фирмата во Србија во својот анкетен лист како дел од имотот што го поседува, потенцираше Гелова Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинителството ќе има работа и со незаконската пренамена на земјоделско во градежно земјиште со цел фирмата на Анѓушев „Фероинвест“ и „ЕДС“ да можат да ја започнат изградбата на мини-хидроцентрала во случајот „Тополка“. Првото прекршување се случи кога владата спротивно на Изборниот законик изврши пренамена на земјоделско земјиште во градежно со цел фирмите на Анѓушев да можат да добијат одобрение за градба. Потоа, според информации во медиумите, фирмите на Анѓушев, отпочнаа градба на електраните без одобрението за градба да стане правосилно.

Проблематична е и ситуациајта со фирмата „Санос“ за која експертската јавност изрази сомнеж дека се работи за компанија преку која се покрива извлекување на огромни суми на пари како поврат на ДДВ.

Позади оваа измама стои бизнис игра на моќници од власта кои сакаат да избегнат плаќање данок, е ставот на економските експерти. Познавачите на приликите сметаат дека овде има сериозен сонмеж за финансиска малверзација. Имено постои можност дека се работи за разработена мрежа каде компанијата набавува половен автобус и врши репарирање и потоа низ царината ги извезува како нов производ по што прави од државата фиктивен поврат на ДДВ со што се оштетува народниот буџет.

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This