МОЛК НА ПРОВЛАДИНИТЕ МЕДИУМИ ЗА ,,ДИМИТРОВГЕЈТ”: Медиумските полтрони го бојкотираат мега скандалот за искомплексираниот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Провладините медиуми веќе 24 часа молчат за објавата на организацијата Викиликс која вчера објави дека министерот за надворешни работи Никола Димитров бил заштитен американски извор на информации за македонската политика. На искомплексираниот очигледно единствениот грев не се неговите комплекси туку и неговата тенденција за кодошење и издавање на државни тајни. Сега веќе е јасно како бел ден зошто Димитров од нигде никаде и покрај големиот број на ,,гладни” кадри на СДСМ беше токму изборот на Заев за министер за надворешни работи. Очигледно е дека тој не е избор на Заев туку на странскиот фактор кој го донесе и него самиот на власт со една и единствена цел, промената на уставното име на земјата.

Дел од провладините таканаречени „инфлуенсери“ денеска се обидоа на социјалните мрежи да ја спинуваат објавата дека Димитров предавал важни информации на странска држава со лажната вест дека Викиликс и нејзиниот основач Џулијан Асанж се проруска инсталација, кога реалноста е многу поинаква, а Викиликс своите информации ги добива од Западни извори односно патриоти во разузнавачките служби кои не се согласуваат со дејствијата на политичките елити во своите држави.

Оваа пропагандна операција на провладините ботови веднаш заврши неуспешно откако беа потсетени дека информациите на Викиликс беа објавувани од некои од најрелевантните и највлијателни западни медиуми и дека кога Викиликс објавуваше информации за ВМРО-ДПМНЕ сегашните провладини пропагандисти немаа проблем со Асанж и неговата организација која беше оценувана за демократска.

Паралелен обид за спинување на скандалот со Димитров, кој се нарекува и „Димитроффгејт“, беше направен со тезата дека веста била стара, објавена уште во септември. Проблемот со овој обид е што Викиликс вчера за прв пат официјално на оваа тема комуницираше со светската јавност и објави дека Димитров бил заштитен извор. Имено да потсетиме дека и во септември нашиот портал објавуваше низа на скандали содржани во документите на Викиликс, но и тогаше тие беа бојкотирани од страна на мнозинството на медиуми полтронски настроени кон власта.

 

Во меѓувреме министерот Димитров во обид да прикаже дека не е вознемирен и дека нема политичка штета од објавата на Викиликс се сликаше со холандскиот амбасадор во Скопје а на социјалните мрежи се појави и фотографија со членовите на екипата К-15 од кои еден, Бубо Каров, е советник за комуникации во владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This