МОМИРОВСКИ: По едрење нема каење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Има надеж за изманипулираните грешни бедни извршителски души што речиси две години не убедуваа дека со сменето име како Северномакедонци ќе ни тргне подобро напред во светлата европска иднина.


Има надеж за тие што излажани и притиснати употребија сила, ги злоупотребија институциите, ги силуваа уставот и законите, уценуваа пратеници, испраќаа емисари со набрекнати мускули и наполнети пиштоли.

Надежта е во покајанието.

Сега и тука. Да клекнат и да се покајат. Да признаат дека оставени во своите чунови на немирното балканско море немале сила и храборст да се спротивстават на врховните богови на лагата и предавството.

И да побараат прошка за нивните грешки, злоба, слабост, лесно свиткани кичми и историски погрешни ставови и проценки.

Но прошката и амнестијата не се генерални. За некои нема спас.
Затоа што не лажеа систематски и што за малку ќе го убедеа уплашеното македонче дека е прифатливо да се вика северномакедонче ако го смени името и започне преговори за влез во ЕУ.

За тие што се уште одат по стапките на таканаречениот лидер, лажниот месија кој денот го почнува и завршува со северна, нема прошка. Нему само Господ може да му прости што и родителите и децата си ги стави на коцка кога тврдеше дека додека дише нема да го смени името и уставот.

И за тој што стави потпис на договорот во Нивици, што нудеше патлиџани за полесно да се подмачка предавството и се смееше задоволно додека луѓе плачеа од мака, исто така нема прошка од обичниот човек.

За него и за неговиот шеф со кого возеа мотори додека народот стравуваше дека ќе биде поништен нема надеж. Своите имиња веќе ги напишаа во дефтерот во кој се запишани Коте од Руља и Петар Лигушев.

За срамот и понижувањето што ни го нанесоа двајцата има посебна процедура. И посебен дел во историјата од кој нема да ги спасат ниту нивните ментори со кои се закануваат.

И двајцата одамна знаееле дека нема датум а за преговори со ЕУ а упорно продаваа лаги со надеж дека уморното и уплашено македонче ќе попушти и ќе се откаже да биде свое на своето.

Да, има и такви мали , никакви, несигурни во себе македончиња, залудени од лажните блесоци и лаги на кои малку им фалеше да го погазат сето тоа за кое се бореле Гоце, Даме, Јане, Питу, Мирче, генералот Апостолски и илјадници други.

Има и такви уплашени, понижени, обесхрабрени кои што на кантар ги ставаа лагите и желбата за подобра иднина на своите деца. Подготвени да направат компромис со своето битие. Да си ја продадат сенката за малку надеж.

Но најмногу од сите се тие кои никогаш не се посомневаа во себе и во капацитетот на Македонецот да истрае во битката против промената на идентитетот.

Токму тие и сега и лани и секогаш им порачуваат на двајцата погоре и на сите нивни слепи следбеници: Северна да си ја ставите го газот и да продолжите кон темната страна на историјата. И таму да останете, да не ни излегувате пред очи никогаш повеќе.

Најголем дел од Македонците и другите граѓани знаеа дека двајцата грешници и нивните соучесници грешат и тоа им го порачаа на референдумот, на изборите, во секоја можна прилика и неприлика.

А тие под плаштот на Европската иднина купуваа време и гледајќи не во очи не лажеа дека се ќе биде во ред додека со двете раце грабаа од златниците создадени од нивниот народ. И сега откако не сакаа да ја слушнаа песната на своите граѓани ќе ја слушаат бурата што надоаѓа.

Нивната мисија е веќе завршена а нивната битка изгубена. Не гледаат дека гилотината е тргната од највисоката точка кон дрвената основа на која се поставени нивните тела.

Нема да ги спаси ниту џелатот кој до вчера беше нивни најголем сојузник. Затоа што и тој знае дека луѓето што бараат крв во масата нема да се задоволат само со камшикување.

Затоа што сите знааат дека во масата има и други грешници кои некогаш ги извикуваа нивните имиња, сега бараат нивна крв а немаат против да бидат на местата што до вчера ги имаа тие кон чии вратови се движи гилотината со се поголема брзина.

И потем се од почеток, како во секоја етапа од камуфлираната патека во македонскиот дел од пеколот.

Пишува: Горан Момировски за Експрес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This