Момировски: Правото на номинација од малиот мозок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту еден македонски медиум не ја пренесе целата изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев во која тој зборуваше за неговото наводно право јавно да напаѓа медиуми.

Изјавата беше дадена на прашањето на колегата Фуркан Салиу: Зошто етикетира медиуми и се однесува како Груевски. Предходно Заев одби да одговори на прашање на Александар Митовски кој веќе е осуден на условна затворска казна за објавување на документ кој е штетен за екс премиерот.

Дел од тие медиуми што се под негова контрола не сакаа да го навредат со пренесување на изјавата која е крајно нелогична и зборува за тотално отсуство на разум, рационалност и човечност кога се работи за односи со медиуми и новинари.

Отакако беше запрашан од колегата од ТВ Клан Салиу зошто го имитира Груевски Заев веднаш го запре без да му дозволи да се искаже (што само по себе покажува за каков демократски капацитет се работи) и објави дека бил многу транспарентен и други небулози.

„Мое право е во делокругот на мојата слобода е исто така да ја номинирам и да ја нотирам политичката целосна определба на медиумот. И тоа комплетно определба на медиумот контра „влас“, изјави Заев јавно признавајќи дека тој етикетира новинари затоа што прашањето се однесуваше на етикетирање а не на транспаретност или слобода на говор.

Ако се стават настрана зборовите како “номинира” за кој најверојатно Заев не знае што значи затоа што не му е место во оваа реченица, со оваа изјава тој ни кажа дека кога станал најмоќен функционер во државата (лидер на СДСМ и премиер) не ни помислил да се откаже од својот замислен делокруг на слобода на говор кога се работи за неговите критичари.

Со оваа изјава Заев практично призна дека за него во Македонија има две категории граѓани, едни што го фалат други што го напаѓаат. И врз основа на таа поделба тој го користи своето право да етикетира, да нотира и на друг начин да реагира.

За потсетување, двајца врвни македонски новинари кои работеа во медиуми критичари на ВМРО-ДПМНЕ пред да дојде СДСМ на власт, Бранко Героски и Зоран Димитровски, во текот на мандатот на Заев како премиер беа сменети само затоа што се осмелија да критикуваат потези на владата на СДСМ.

Со изјавата која може да ја видите на крајот на овој текст Заев вели дека дека согласно неговиот делокруг на слобода тој можел да ја злоупотребува својата партија која во неколку наврати јавно преку некогашната колешка Богданка Кузеска и други партиски функционери ја нападна Алфа Телевизија и 4 други портали.

Со ваквата изјава Заев индиректно призна дека постои реална можност против критичките медиуми а согласно неговото лично, правото како лидер на партија на власт и како премиер да користи (користел) државни институции како Финансиското разузнавање, финансиската полиција, УЈП и други со цел да се пресмета со тие медиуми што го критикуваат.

За човекот кој отворено признава дека размислува да напакости на медиуми што го критикуваат иако тоа е нивна работа како новинари и не треба да сме изненадени. Изненадувањето доаѓа од луѓето кои го следат и му помагаат во неговите постапки верувајќи му дека прават нешто добро или за тоа се дебело платени.

Како новинар кој во најголемата моќ на таканаречениот режим беше еден од основачите на Синдикатот на новинари, како второпотпишан на барањето за ослободување на Кежаровски, како човек кој затварањето на А1 и А2 ги нарече геноцид врз новинарството и излегол на речиси сите новинарски протести додека владееше ВМРО-ДПМНЕ не можам да се начудам на молкот на дел од колегите.

За тие што знам дека се на платниот список на Заев и СДСМ за да ги фалат не се лутам, тие се завршена приказна. Но не можам да се начудам за тие што знам дека не се на нивниот платен список а сепак молчат.

Не можам да разберам како колешката Сашка Цветковска молчи за обвинителниот предлог за колегата Љупче Златев за објавени информации од класифицирани документи. Молчи а знае за врските меѓу обвинителстово и власта, знае дека за неа законот за многу сличен случај не важеше по ист терк но тогаш немаше никаква реакција од обвинителството.

Молчат и други колеги кои се убедуваат себе си дека пресудата за Митовски (единствена во Европа), последниот прогон на Златев и моето повикување во МВР за случајот „Рашковски-МНАВ-Леонардо“ (За генералниот секретар на владата и по 12 месеци нема никаков процес) е политички фолклор и пресметка меѓу партиите.

Со молкот колегите го поддржуваат обидот на Заев да ги замолкне критички настроените новинари, што можеби им одговора како бизнис за да немаат конкуренција на пазарот но е крајно штетно за македонската демократија.

Како да не им е јасно дека и Митовски, Златев, Момироски и другите кои се цел на напад од Заев и СДСМ ќе ги преживеат и овие сцили и харибди и нема да замолчат.

Напротив, допрва ќе му го направат пекол животот на Заев но и на други за кои постојат прецизни информации дека злоупотребуваат партиски, државни позиции и институции за прогон на новинари.

Нападот на Заев врз критичките медиуми има уште една цел која тој мисли дека ја постигнува а никој не го гледа.

Нападот врз медиумите е и порака до компаниите кои се рекламираат да не дадат ни денар за тие што се во немилост на Заев и СДСМ. Пораката е јасна, тие што го критикуваат Заев и СДСМ не смеат да пуштат ниту една реклама ако не сакаат да се соочат со УЈП, инспекции, финансиска полиција и други механизми кои Заев и СДСМ ги имаат под своја контрола и за жал ги користат како што видовме во случајот Тотал ТВ.

Овие зборови и предупредување се однесуваат на сите што молчат за однесувањето на Заев но и до луѓето кои се одговорни за медиумите а се најблиску до него, пред се Роберт Поповски и Коста Петров. Затоа што еден ден ќе мораат да дадат одговори зошто молчеле и со тоа придонесле за плачот на нечии деца предизвикан од „делокругот на работа“ на нивниот партиски шеф.

Во секој случај одговорот на тезата на Заев за делокруг на неговата лична слоободата ќе биде жесток.

Можеби ќе треба да се менува начинот за борба против тој што отворено признава дека има право да етикетира но битките ќе бидат жестоки во каква форма и да бидат. Можеби е дојдено време за директна пресметка со тие што мислат дека ќе бидат вечни и секогаш под заштита. Сите опции се отворени… На негово место јас не би затварал око.

изјавата на Заев

Еее, мајката…

Јас не знам кои медиуми пишувале од штабот на ВМРО, ама знам кои новинари еднаш неделно јадат ручек со Заев.Јас не знам кои новинари не се критични, но знам кои новинари се сопственост на политички елити.Јас не знам кој медиум колку леб јаде од Заев, но знам, дека тие што го јадат тој леб немаат ни грам совест, морал, професионализам и образ да зборуваат за други.Јас знам, дека во Македонија има луѓе на кои ќе остане иднината. Луѓе како Фуркан Салиу кој и покрај несогласувањата на сите други полиња, остана доследен и принципиелен во одбрана на новинарската фела, и за тоа му благодарам.А, што се однесува до Зоран Заев, него, не знам како да го искоментирам. Тој човек нема скрупули. Нема лимит. Нема основна култура. Тој човек, кој еднаш вечера со новинари кои потоа ги нарекува „педери“, а потоа руча со други новинари кои според него се „објективни“ за мене е нестабилна личност. Но, нестабилноста е она што ме плаши. За среќа, денес имаше можност јавноста да се запознае со неговата друга страна. Човекот презентираше дека сака да има целосна контрола врз секој аспект на општествениот живот. Сака да контролира медиуми – па оние кои не го хвалоспеваат вели дека се вакви или онакви. Неговата потрпетседателка Шекеринска дури и ме прогласи за анти-државен елемент. Структурите на Заев во тајната полиција дури и ме следеле – за тоа има и досие под назив „Атлантик“ (инаку предмет со кој си ги оправдаа средствата кои ги злоупотребија од даночните обврзници на САД)И внимавајте, Заев вели дека „децата му плачеле“ од мене или новинарите како мене – демек, многу сме го критикувале.Еее, види мајката…А, си се запрашал ли Зоран колку деца плачеа од твоите политики? Колку деца плачеа кога се затвараа бизнисмени затоа што не бил доволен рекетот? Колку семејства се завиени во црно затоа што ги лажеше дека ќе им ја обелодениш вистината?Знаеш ли Заев колку деца плачат поради поскапувањето на струјата, а? Или, колку деца се расплакани затоа што немаат вода во Синичане? Колку деца плачат затоа што денес таткото и мајката вработени во администрација се расправаат затоа што најави дека ќе ги бркаш?Знаеш ли Заев, колку деца плачат по сценариото „Диво Насеље“, а?Срамота Заев, досега беше хибриден диктатор – отсега, диктатор.

Posted by Александар Митовски on Tuesday, August 4, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This