March 28, 2024, 10:42 am

МОМЧЕТО Е ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА: Член на семејството на прободеното момче, на ФБ проговори за инцидентот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Вечера во автобус бр.57 беше прободено со нож моето внуче катили и несовесни неваспитани млади луѓе монструми, што им направи ова дете враќајќи се од училиште нека им служи на чест и ГОСПОД да ги казни“ – вака реагираше еден од членовите на блиското семејство на момчето кое вчера беше нападнато со нож кај Рекорд. 

 

Според најновите информации, кои ги објави порталот Досие.мк, на момчето му биле извршени неколку хирушки интервенции и во моментот се наоѓа во животна опасност. Момчето било прободено три пати, а сите три убоди нанеле тешки повреди на внатрешните органи.

Еден од убодите предизвикал и тешка повреда на црниот дроб кај момчето.  Во моментот се наоѓа на апарати за поддршка, и се чека да се разбуди, пренесува Досие.мк.

Момчето беше нападнато додека се возело во автобусот со број 57, кога неколку други момчиња од албанска националност му зариле нож во стомакот. Неофицијално, расправијата започнала поради мобилниот телефон, кој напаѓачите сакале да му го одземат.

Ова не е прв ваков напад, но за среќа претходните поминале со помали расекотини и последици.

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This