Моноклонална „коkтел теpапија“ со aнтитeла досега примиле 20 заболени од Ковид-19 со комopбидитeти и xpoнични болecти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дваесет пациенти со повеќе коморбидитети и хронични болести заболени од Ковид-19 на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби примиле моноклонална „коктел терапија“ со антитела, информираа за МИА од Министерството за здравство.
– Моноклонална „коктел терапија“ со антитела се дава кај пациенти кои имаат повеќе коморбидитети и хронични болести, во претходна консултација со специјалистите и супспецијалистите кои ги третирале пациентите од почеток на појавата на инфекцијата со Ковид-19. Вкупно се набавени се 1200 дози од лекот, а досега се искористени околу 20-тина дози, истакнуваат од Министерството.
Станува збор за најсовремен метод на терапија за пациенти заболени од Ковид-19. Терапијата е коктел од две моноклонални антитела и се дизајнирани специјално за да ја блокираат инфективноста од „SARS-CoV-2,“ вирусот што го предизвикува заболувањето со Ковид-19

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This