„МОНСТРУМИТЕ“ ГО ПРИЗНАА ДЕЛОТО, СЕУШТЕ НА СЛОБОДА: Хаки Азири го признава делото за кое е обвинет, сеуште се шетаат на слобода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на денешното судење за случајот ,,Монструм’’ во судницата беше пуштено видеото сведочењето на Хаки Азири во кое тој го признава делото за кое се теретат обвинетите. Имено пред шест година кога тој се откажал од својот статус на загрозен сведок тој вели.

– Мојата улога беше да ги пречекам Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Требаше да ги пречекам на обиколница на Качанички пат зашто претходно имале нерасчистени сметки со некого. Со Алил Демири се слушнав на 11 април 2012 околу 23 часот за да се видиме утредента кај него околу 12 часот. Се видовме утредента кај него и отидовме кај Африм. Таму Африм ми рече дека ќе направат нешто зашто имале нерасчистени сметки. Ми рече да го земам брат му Агим Исмаиловиќ околу 18 часот. После тоа го однесов Агим во Топанско поле на паркинг за да го земе возилото опел омега. Јас потоа отидов на местото каде требаше да ги чекам околу 19.20. Чекав и околу 20 часот опел омегата дојде и застана позади моето возило. Не видов кој излезе од возилото, но тогаш Агим и Африм Исмаиловиќ дојдоа во моето возило, немаа оружје, беа во тренерки и црни капи и ракавици, изјавил Азири пред 6 години во исказ пред истражниот судија.

Според исказот на Азири тој ги прашал што се случило, а тие му одговориле:

-Направивме гомнарија, убивме човек, а потоа му рекле да вози кај него дома.

– Откако ми рекоа дека убиле човек ја само возев и ништо не прашав и не гледав ниту лево ниту десно, изјавил тогаш обвинетиот.

Потоа тој од медиумите дознал дека впрочем се работело за петкратно убиство, а пота на порталите на интернет го видел и возилото опел омега.

Откако бил повика од страна на полицијата на информативен разговор и му биле приложени доказите, Азири сфатил за што се работи и дека кога ги чекал браќата Исмаиловиќ на Качанички пат всушност станал дел од петкратното убиство.

– Јас да знаев дека се работи за тоа никогаш не би прифатил да одам таму и да ги чекам- изјавил Азири пред шест години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This