March 28, 2024, 11:26 pm

МОНТИ ПАЈТОН СУДСТВО: Одложен судењето за Бучковски, бидејќи треба да агитира за референдумот за промена на името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во кривичниот суд во Скопје денеска беше одложено судењето за тенковски делови за експремиерот Владо Бучковски, поранешниот началник на Генералштабот на АРМ, Методи Стамболиски, и за уште неколкумина вработени во Министерството за одбрана и за директорот на МЗТ ФОП. Денешното рочиште беше одложено бидејќи не дојде Трајче Китановски, адвокат на Методи Стамболиски, оти бил на друго судење. Обвинетиот не прифати да го застапува друг адвокат и инсистира тоа да биде неговиот.

Владо Бучковски побара да се одложи и следното рочиште на 20 септември бидејќи е поканет да присуствува на научна конференција што ќе се одржи во Софија, Бугарија, од 19 до 21 септември, на тема поврзана со претстојниот референдум во Македонија. На судот му ги достави и поканата на бугарски јазик и барањето за отсуство заведено од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ.

Обвинетиот Нелко Менкиновски, пак, замоли да нема рочиште до 1 до 10 октмври бидејќи бил водач на туристичка тура.

Обвинителот не реагира на барањата за подоцнежно закажување на рочиштата. Судијката Даниела Алексова-Стојановска закажа 3 рочишта, од кои првото е на 6 ноември.

Врховниот суд во 2016 година го прифати барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за случајот „Тенковски делови“ и по извршената ревизија ги укина претходно донесените пресуди и наложи судската постапка да се врати од почеток.

 

Случајот датира од 2001 година кога Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ како приоритетна набавка од фирмата МЗТ ФОП нарачале резервни делови за тенковите „Т 55“. Шест години подоцна Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе постапка. Обвинителството во јули 2007 година излезе со обвинителен акт со кој се тврдеше дека Бучковски и Стамболиски ги злоупотребиле своите позиции и со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови причиниле штета од приближно 150 милиони денари или околу 2,5 милиона евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This