April 26, 2024, 12:00 pm

МОН: И покрај повлечениот Закон за учебници, реформата стартува од први септември со нови наставни материјали и дигитални учебници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Oткако Владата го повлече Предлог-законот за учебници од собраниска процедура, од Министерството за образование и наука соопштија дека реформата во основното образование почнува со новата учебна година во прво и четврто одделение, за што се прават сите потребни подготовки.

Наставата за прво одделенците и за четврто одделенците од први септември ќе тече по новата Концепција, со новите материјали за учење за што сме сигурни дека ќе дадат подобри резултати кај учениците. Дополнително ја информираме јавноста дека сите подготовки се одвиваат според планот и утврдената динамика. Наставните програмите се веќе донесени. Во постапка е набавката на 10 илјади таблети. Тече подготовката на материјалите за учење за прво одделение кои треба да се готови до крајот на јули, а првата половина на август првите дигитални учебници треба да бидат сосема готови и да се дистрибуираат до училиштата. Дополнително се набавуваат кабинети за природни науки за 265 училишта. Овие кабинети се за погорните одделенија, но важно е училиштата да се подготвени за имплементацијата на реформскиот процес кој ќе се спроведува во следните 5-6 години – велат од МОН.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This