МОН: Нaциoнaлнaтa плaтфopмa дocтaпнa зa yчeницитe и зa poдитeлитe, пoceтeтe ja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ги повикуваме директорите на училиштата коишто не го сториле тоа, да го забрзаат процесот и да ги испратат лозинките до учениците во текот на викендот, бидејќи за неколку дена е официјалниот страт на учебната година, велат од МОН

Веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн-учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk.

– Со цел да се запознаат со нејзините функционалности пред стартот на учебната година, ги повикуваме учениците и родителите, да ја посетат викендов – информираат од Министерство за образование и наука.

На платформата веќе се поставени видео упатства и прирачници, но и други содржини, кои ако се следат внимателно, на едноставен и лесен начин ги водат корисниците низ платформата.

Од МОН веќе испратиле насоки до сите училишта задолжително да се достават корисничките лозинки до учениците.

-Ги повикуваме директорите на училиштата коишто не го сториле тоа, да го забрзаат процесот и да ги испратат лозинките до учениците во текот на викендот, бидејќи за неколку дена е официјалниот страт на учебната година – велат од МОН.

Министерството за образование и наука ги повикува локалните самоуправи и градоначалниците, кои, исто така, се наш важен партнер во овој процес, максимално да се посветат на обезбедување услови за непречен старт на учебната година во училиштата, без разлика дали станува збор за физичко присуство, или за учење од далечина.

– Истовремено, искажуваме огромна благодарност до градоначалниците и вработените во општините, но и до сите наставници за посветеноста во обезбедувањето услови за непречена настава во време на пандемија. Во овој значаен процес важна е силна и партнерска соработка на сите нивоа и секој ден ни е важен за успешно започнување на онлајн-наставата. Главниот и единствен приоритет на Министерството за образование и наука во овој период е да ги надминеме предизвиците и успешно да ја започнме, но и завршиме учебната 2020/2021 година и покрај тоа што се соочуваме со Ковид-19 – се вели во соопштението од МОН.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This