МОН пoпyшти пoд пpитиcoкoт нa jaвнocтa?: Пoвлeчeн 3aкoнoт зa yчeбници oд coбpaниcкa пpoцeдypa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за образование и наука Мила Царовска го повлекла предлог-законот за дигитализација на учебниците и тој нема да влезе во собраниска процедура, вели пратеникот Антонио Милошоски за „Слободен печат“, истакнувајќи дека ова најверојатно се случува по бурните реакции во јавноста во изминатите неколку денови. 

Милошоски објасни дека предлогот е повлечен и засега неможе да се започне со негова расправа.

– Ако не беше повлечен предлог законот ќе следуваше свикување на Комисија за образование и почнување на расправа по истиот предлог закон, за потоа истиот да стигне до пленарна седница за да се усвои или да не се усвои. Меѓутоа бидејќи сега е повлечен, тоа значи дека Владата се откажува од предлогот кој го доставила – објаснува Милошоски, додавајќи дека Владата сепак има право одново да го испрати овој закон во собраниска процедура.

– Владата има право овој предлог закон повторно да го достави во Собрание, но штом го повлекува веројатно ќе го достави во поинаква форма или пак подоцна – вели Милошоски.

Во последните неколку денови наставници, политичари, но и родители бурно реагираат на социјалните мрежи во однос на дигитализацијата на учебниците, објаснувајќи дека многу училишта се уште ги немаат ниту основните средства за настава.

И од Сојузот на средношколци вчера нагласија дека се против дигиталните учебници. Според нив, дигитализацијата е добар чекор напред, но бараат воведување на белгиски модел на дигитализација на образованието каде родителите и учениците сами ќе одберат дали ќе учат од печатен или електронски учебник.

Извор: slobodenpecat.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This