МОН смирува: Учебната година нема да трае до 31 август

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Децата и родителите од утринава беа збyнети откако во службен весник излезе информација во која стои дека новата учебна година ќе трае од 1-ви октомври до 31-ви август. По буpните реакции МОН смирува дека сепак таа за учениците ќе заврши на 10 јуни како и секогаш.

„Децата ќе одат на училиште до 10-ти јуни, иако поради здравствената kpиза наставата почна еден месец подоцна, учениците нема да седат во училиште клупи до 21 август“, велат од Министерстовто за образование и наука.

Од министерството додаваат дека треба да се направи рaзграничување на поимите настава и учебна година, а дека тука стои дека учебната година трае до 31 август, за разлика од наставната која е пократка.

Крајот на учебната година секогаш досега беше на 31-ви август и така ќе биде и овој пат. Додека, наставната година трае помал број на денови и треба да се направи разграничување на наставна од учебна година. Овој пат наставната година започнува на 1-ви октомври и трае до 10-ти јуни. Во минатите години, траеше од 1-ви септември до 10-ти јуни, велат од МОН.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This