МОСКВА ВОЗВРАЌА: Повеќе од 40 западни дипломати ја напуштаат Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за надворешни работи на Русија им наложи на повеќе земји, кои донесоа одлука да протераат руски дипломати , да го намалат бројот на дипломатските лица на територијата на Русија.

Во врска со ова, Лондон  од Москва доби рок од месец дена да го намали бројот на сите дипломати на територијата на Русија, тој број да биде пропорционален и да одговара на бројот на руските дипломати на територијата на Велика Британија, соопшти МНР на Русија.

Како што се наведува, тоа му било речено на британскиот амбасадор во Москва Лориј Бритсоу во текот на состанокот во Министерството. Воедно на амбасадорот на Велика Британија му е врачена и протесна нота.

На Полскиот амбасадор му е наложено да повлече четири дипломати до 7 ми Април, додека на Италија и е наложено да повлече двајца дипломати.

На Финска и е наложено да повлече еден дипломат и тоа во рок од две недели, а додека на тројца литвански дипломати се прогласени  за персона нон грата. Протеран е и естонскиот воен аташе.

МНР на Русија соопшти дека ќе бидат протерани и тројца чешки и молдавски дипломати, и по еден од Романија, Молдавија и Исланд.

Во Украина ќе се вратат 13 дипломати.

Хрватска исто така останува без еден дипломат, јавува Ројтерс.

Истовремено, Министерството наведува дека Русија е подготвена за соработка со Лондон за утврдување на вистината во случајот со труењето на поранешниот руски разузнавач  Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија.

Претходно Министерството соопшти дека 58 вработени во Амбасадата на САД во Москва и двајца работници во Генералниот конзулат на САД во Москва се прогласени за персони нон грата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This