Москва со жecтока реакција откако САД повторно протepa руски дипломати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Москва дефинитивно ќе одговори на новото протерување на руски дипломати, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Ние дефинитивно ќе одговориме и ги предупредивме Американците дека, за да се избегне дополнително намалување на нивниот персонал овде, не го сакаме тоа, но не можеме, а да не одговориме на ист начин“, изјави Рјабков на новинарите.

Ги предупредивме дека мора да престанат за да се избегнат натамошно намалување на персоналот“, прецизираше заменик министерот.
Претходно рускиот амбасадор во САД изјави дека Вашингтон ги укинува акредитациите на сопругите и одбива да им издава визи на децата на вработените во амбасадата. Според него, поради ова, 27 дипломати ќе бидат принудени да ја напуштат земјата на 30 јануари.

Во средината на април, Вашингтон уште еднаш ги продолжи антируските санкции и протера десет дипломати. Како одговор, Русија ги стави САД на листата на непријателски земји на кои, меѓу другото, им е забрането да ангажираат руски државјани и државјани на трети земји за работа во амбасади. Американското дипломатско претставништво најави дека ќе мора значително да го намали персоналот, па нема да може целосно да ги дава конзуларните услуги. Издавањето неимигрантски визи за Русите е суспендирано од средината на мај.
Во јуни, по самитот на претседателите Владимир Путин и Џозеф Бајден во Женева, Москва и Вашингтон започнаа контакти за прашањето за нормализирање на работата на амбасадите, но, според рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, овој процес е „заглавен“ поради на обидите на САД да изврши притисок врз Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This