МОСТ КОНСТАТИРА НИЗА НЕПРАВИЛНОСТИ: Поткуп, неовластени лица евидентирале гласачи…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската асоција МОСТ нотираше голем број нерегуларности во текот на вчерашниот изборен ден. Во нивниот извештај тие велат дека имало технички проблеми со изборниот материјал, проблеми предизвикани од неовластени лица, непочитување на постапката  на гласање и проблеми предизвикани од гласачи.

Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, до 17.30 часот вчера беа забележани следните неправилности на гласачките места:

Технички проблеми со изборниот материјал

• ГМ 1722, општина Струмица, сериските броеви на кочанот со гласачки ливчиња не се последователни. ИО не ја повикале ОИК и одлучиле да продолжат со гласањето, но направен е записник. Истата ситуација е забележана и на ГМ 1063 во општина Куманово.

• На ГМ 2516 и 2519 во општина Гази Баба им биле помешани печатите. ИО од 2519 го забележал ова во 16 часот и ја повикал ДИК. Гласањето било прекинато во двете гласачки места во период од 25 минути. Направен бил записник и гласањето продолжило.

• ГМ 2539/1, општина Гази Баба, во кочанот со гласачки ливчиња за избор на градоначалник на град Скопје имало 15 гласачки ливчиња за избор совет на град Скопје, но имале иста боја како ливчињата за избор на градоначалник. Гласањето било прекинато 20 минути, 15-те ливчиња биле поништени, направен бил записник и гласањето продолжило.

Проблеми предизвикани од неовластени лица

• Продолжил поткупот пред и во просториите на ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во општина Шуто Оризари.

• Неовластени лица пред средното училиште Никола Карев во Струмица ги евидентирале гласачите.

• На неколку метри од ГМ 0858 во општина Кочани, имало собрано поголема маса на неовластени лица. ИО веднаш повикал полиција која ги отстранила лицата.

Непочитување на постапката на гласање и проблеми предизвикани од гласачи

• ГМ 2052, с. Горно Седларце, општина Боговиње, гласач физички нападнал член на ИО. Членот на ИО неколку пати побарал од гласачот да му ја покаже личната карта, но тој не сакал и ја фрлил кон него личната карта. Била повикана полиција и во присуство на полицијата физички го нападнал членот на ИО. Напаѓачот бил приведен од страна на полицијата.

• ГМ 1582, општина Струмица, гласач го фотографирал гласачкото ливче. Иако ИО реагирал и направил записник, сепак му дозволил да го стави ливчето во гласачката кутија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This