„МОСТ“ ПОЧНА ДА ГИ ЗАТАШКУВА ИЗБОРНИТЕ НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Милионерот Дарко Алексов почна да одработува за СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невладината организација МОСТ почна да одработува за СДСМ од екот на предизборната кампања. Медиумите многупати пишуваа за сомнежите околу неутралноста на невладината организација и наклонетоста кон СДСМ, а истото се потврдува и во предизборниот период.
darko-aleksov-most-sdsm-640x341

Дека МОСТ е продолжена рака на СДСМ потврди и екс партискиот функционер од Охрид пред неколку месеци. Владо Чингоски, поранешен функционер на СДСМ, претседател на Советот на општина Охрид и член и секретар на општинската изборна комисија во Охрид во многу изборни циклуси – ’90, ’94, ’96, ’98, ’99, 2000, 2002 и 2005, откако не е веќе во изборните комисии потврди дека во МОСТ сите набљудувачи биле од СДСМ.

-Ние имавме пример со МОСТ, велите ќе бидеме објективни – бидете објективни, СДСМ беше на власт и во МОСТ сите набљудувачи беа од СДСМ. Се што беше неправилност на избирачките места наблудувачите од МОСТ тврдеа дека немало никакви проблеми, рече тој.

https://www.youtube.com/watch?v=GdtA1i6Lkeg

Функционерот на опозициската партија јавно го даде признанието дека набљудувачите од МОСТ биле од СДСМ.Чингоски притоа признава дека во тоа време се вршеле притисоци и се фалсификувале избори.

-Знаеме како се гласало. Знаеме како се вршеле притисоци. Знаеме како се фалсификувало. Се сеќаваме и на Магнус, на тепањата, на кршењата кутии, рече Чингоски.

Од МОСТ остануваат глуви и слепи и на заклучокот на Антикорупциската комисија дека министерот за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ Оливер Спасовски извршил повреда на одредбата од членот 8а од Изборниот законик со злоупотреба на својата службена положба и овластување.

Молк од невладината и за лицемерните изјави на лидерот на СДСМ Зоран Заев, според кои министер за внатрешни работи не може да биде носител на кандидатска листа. За Заев беше неприфатливо Гордана Јанкулоска да биде министер и во исто време носител на листа, но затоа во случај кога генералниот секретар на СДСМ е министер за внатрешни работи и носител на листата на СДСМ во втората изборна единица тоа не е никаков проблем.

МОСТ замижува и пред низата против законски активности кои ги спроведува СДСМ.

Имено, Спасовски и неговиот тим вчера го посетија Стајковци, каде наместо со партиски возила, можеа да се забележат службени возила на министерството со кое раководи тој, што значи дека човекот кој постојано говори за некаква департизација, всушност ги злоупотребува возилата на институцијата со која раководи за партиски цели.

stajkovci-1-640x360

stajkovci-2

Невладината молчеше и пред злоупотребата на администрацијата во Струмица. Вработените во Општина Струмица добиле наредба да се појават во Градскиот парк во Струмица за потребите на кампањата на СДСМ, односно за снимање на промотивен спот на Зоран Заев.

strumica-1

Се злоупотребуваа и вработените во ПОЦ. Во службена униформа среде работно време, вработените делеа пропаганден материјал на СДСМ.

poc-propaganden-materijal-sdsm-2

poc-propaganden-materijal-sdsm-5

poc-propaganden-materijal-sdsm-6

poc-propaganden-materijal-sdsm-4

Злоупотребата е регистрирана и во Куманово, а слепилото во МОСТ продолжува. Вработени во ЈП Чистота и зеленило во униформи на ова претпријатие во работно време со службени превозни средства разнесуваат партиски материјали на СДСМ.

kumanovo-jpg1_-640x853

kumanovo-640x437

kumanovo-jpg2_-640x853

За потсетување, медиумите пишуваа дека на Дарко Алексов првиот човек на организацијата МОСТ очигледно одлично му оди во невладиниот сектор, па милионите кои се вртат на сметката на МОСТ, ги пресликува и во приватниот живот и станува инвеститор и подоцна сопственик на дел од двете згради во скопско Бардовци, кои можат да се видат на фотографиите. После сето ова станува јасно дека зад неговата позиција не стои реална проценка, туку огромни суми на пари, или народски кажано, Алексов игра по нотите на СДСМ и парите на СОРОС.

darko_aleksovski_gradenje-4

Одговорот за ова го кријат двете луксузни згради со сопствено дворно место, меѓу народот познати како зградите на МОСТ, лоцирани на улица 4 сместени во скопско Бардовци.

Алексов е пример како преку граѓанскиот сектор, и партнерство со СОРОС Македонија се стига до огромен имот , грантови и милиони евра буџет.

darko_aleksovski_gradenje-3

Она што има да се види во деловодните книги на МОСТ се 4 милиони евра свртени за неколку години, но и имот својствен за некој блискоисточен олигарх во подем, две згради во скопско Бардовци при што еден од инвеститорите и сопственик на недвижен имот е токму Дарко Алексов. За потсетување Дарко Алексов, заедно со уште тројца други се инвеститори на две згради со по 2 влеза со вкупна површина од 1462 м2, и потоа становите и помошните простории ги продаваат на други лица. Тие градат и продаваат станови од по 90, 93 м2, а во оптег се огромни илјадници евра на пари.
darko_aleksovski_gradenje-5

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This