April 24, 2024, 11:32 pm

МОСТ ПРОДОЛЖУВА СО ЗАКАНИТЕ: Дарко Алесков му се заканувал на Филип Петровски преку писмо!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваат заканите кои невладината „МОСТ“ инаку под контрола на СДСМ ги испраќа до раководните лица во Македонските институции, заканувајќи им се со пет години казна затвор поради прекршување на изборниот закон

filip_govor

Последен во низата кој добил писмо е Директорот на Државниот Архив на Р.Македонија Филип Петровски, кој како и неколкумина претходно добил писмо со заканувачка содржина од МОСТ, потпишана од директорот Дарко Алексов.

Претходно, пред камерите зборуваше и Сашо Здравевски, вработен во државната администрација, кој добил писмо со иста заканувачка содржина од МОСТ, поради што Здравевски изјави дека се чувствува небезбеден и вознемирен поради фактот што незнае кој се може да ги има неговите лични податоци. Здравевски стравува дека, ова можеби е само почеток, па од испраќање писма еден ден можеби и ќе му тропнат на врата со вакви закани.

zdraveski-640x360

Веднаш по Здравевски, со закани од МОСТ се соочија и во администрацијата во Велес кои добиле исти писма, меѓу кои и градоначаникот на Велес Славчо Чадиев, кој изјави дека ваквата пракса досега е непозната, и дека ова предизвикува притисок и страв кај вработените поради што најави кривична тужба против Алексов поради мобинг.

Невладината организација „МОСТ“ која го следи изборниот процес е само уште еден дел од мозаикот на невладини организации финансирани од Сорос и УСАИД, но и од сомнителни фондови како што се пари од Катар и Саудиска Арабија, кои Алексов грчевиот се труди да ги сокрие. Во еден наврат тој дури и ги избрка инспекторите на Финансиската полиција да го проверат поркитието за парите кои пристигнале од овие арапски земји. Од фондови од кои се финансираат и терористичките организации како ИСИС и Ал Нусра.

Дека МОСТ е продолжена рака на СДСМ потврди и екс партискиот функционер од Охрид пред неколку месеци. Владо Чингоски, поранешен функционер на СДСМ, претседател на Советот на општина Охрид и член и секретар на општинската изборна комисија во Охрид во многу изборни циклуси – ’90, ’94, ’96, ’98, ’99, 2000, 2002 и 2005, откако не е веќе во изборните комисии потврди дека во МОСТ сите набљудувачи биле од СДСМ.

-Ние имавме пример со МОСТ, велите ќе бидеме објективни – бидете објективни, СДСМ беше на власт и во МОСТ сите набљудувачи беа од СДСМ. Се што беше неправилност на избирачките места наблудувачите од МОСТ тврдеа дека немало никакви проблеми, рече тој.

https://www.youtube.com/watch?v=GdtA1i6Lkeg

Функционерот на опозициската партија јавно го даде признанието дека набљудувачите од МОСТ биле од СДСМ.Чингоски притоа признава дека во тоа време се вршеле притисоци и се фалсификувале избори.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This