МОТЕЛ НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО ГОРЕШЕ ТРСКАТА ВО СТРУШКО: Урбаната мафиja царува на Охридскиот брег

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полека се разјаснуваат мотивите за палењето на трската покрај Охридско Езеро на потегот меѓу Калишта и Струга.

Невладини организации и неформални граѓански здруженија откриваат документи според кои се гледа дека овој простор на самото охридско карајбрежје, со тампонирање се планира дури да се зафати дел и од езерото, е наменет за бизнис интереси на луѓе блиски до ДУИ.

Имено, ова е документ издаден од Башким Амети, кој беше министер за животна средина од мај 2016 до јуни 2017 година кога на оваа должност потоа стапи Садула Дураки.

Од документот се гледа дека Амети издал Решение за услови за планирање на просторот, според кое токму овој дел од струшкото крајбрежје , пикирано од некого, е ,,погодно“ за изградба на ,,придружно-услужен објект“, односно, според неофицијални информации- мотел.

Постои план за изградба на Мотел кај с. Калишта и тоа на еден метар од Охридското езеро

Случаите на тампонирање и узурпација на Охридското езеро на делот од Струга до с. Калишта се поттикнати и охрабрени од однесувањето на градоначалникот Рамиз Мерко и политичкиот естаблишмент, реагираат невладините организации.

Обидите за градежно освојување преку палење, тампонирање со градежен шут и бетонирање имаат за цел трансформација на водната природна површина во градежна парцела која треба да се даде под концесија како привремена фаза и чекор до приватизација на крајбрежјето.

Министерството за животна средина и просторно планирање, во 2017 година, со кое тогаш, а и сега раководи ДУИ, има издадено Решение за услови за планирање на просторот за изградба на мотел и пристапни патиша буквално во Охридското езеро. Парцелите на кои се планира изградба на Мотелот се на 1 метар од езерото и на 1 метар од регионалниот пат, додека самата парцела се наоѓа на најтесниот дел од крајбрежјето и има само 18 метри широчина од патот до езерото. Поточно, парцелите се наоѓаат внатре во заштитната зона на езерото од 50 метри.

Извор: ако.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This