МОЈОТ ДЕДО ПРОЛЕА KPB ВО САЧИШТА: Мицотакис од Крит порача дека нема да дозволи Преспанскиот договор да заживее бидејќи тоа би значело предавство на борбата на неговиот дедо!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на „Нова Демократија“ Кириос Мицотакис од Крит денес порача дека тој и неговата партија нема да дозволат Договорот од Преспа да заживее, бидејќи според него тоа значело предавање на грчките интереси


Претседателот на „Нова Демократија“ денес беше во посета на Крит, каде што беше дочекан со овации од локалните жители.

„Ќе се соочиме со договорот. Тоа е лош договор, а оваа порака ја испраќам токму од Крит, имајќи во предвид дека на почетокот на 20-от век критјаните се бopea во Македонија (се мисли на Андартите кои се бopeлe во Егејска Македонија против Македонците). Мојот дедо Киријакос Мицотакис беше доброволец и се бореше кај Ближани и Сачишта (Бизани и Сиатиста на грчки). Некои од неговите coбopци никогаш не се вратија. Нив ги чевствуваме како херои“ – рекол Мицотакис на митингот во Крит, пренесува „Ефимерида“.

Во исто време, лидерот на Нова Демократија упати отворена покана, оние кои никогаш не гласале за неговата партија тоа да го направат сега.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This