МОЈОТ КОНЦЕПТ БЕШЕ ДА ВРАБОТУВАМ И ДА ПОМАГАМ: Стевчо Јакимовски за бркањето на преку 50 вработени во општина Карпош!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На почетокот на оваа работна седмица, новиот градоначалник на општина Карпош Стефан Богоев одлучи да не ги продолжи договорите со вработените во општината, по што преку 50 лица се најдоа без работа и на улица

 

По тој повод, стапивме во контакт со екс-градоначалникот на општина Карпош и претседател на ГРОМ Стевчо Јакимовски, за да го прашаме дали се работи за обичен политички реваншизам, или пак има некоја вистина во исказите на Богоев дека оние лица на кои не им беа продолжени договорите за вработување не оделе на работа.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Не се мешам во начинот на раководење на општината на новиот градоначалник. Мојот концепт беше да вработувам луѓе и да им помагам. Платите не беа големи, но претежно млади луѓе се стекнуваа со работно искуство, вештини кои понатаму ќе им бидат потребни во животот. Новиот градоначалник очигледно има друг концепт, а тој се базира на отпуштање на вработени.  – вели Јакимовски, објаснувајќи дека платите биле минимални, но искуството за младите луѓе било непроценливо.

 

[/kopa_block_quote]

Градоначалникот Богоев тврди дека овие луѓе не оделе на работа?

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Како не оделе на работа, зарем г-дин Ѕвонко од архива не одел на работа. Или пак правникот Маја Стаменковска не одела на работа? Дали на работа не одела правничката Салтирова (инаку одличен правник)? Дали на работа не одела г-ѓа Живка која на терен ги измери сите 200 кровови, направи проекти, во исто време правеше и проекти за фасадите. Таа жена е исклучително потребна на општината. Лазе е примен ова лето и се покажа како одличен професионалец. Јоана Станиќ има два факултети и еден куп курсеви, едукации и дообуки и истата е еден од најдобрите работници. – објаснува Јакимовски.

 

[/kopa_block_quote]

Дали мислите дека се работи за политички реваншизам?

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Веројатно е политички реваншизам, затоа што г-ѓа Деана е избркана затоа што нејзиниот сопруг беше на листа на советници на ГРОМ, како и сопругот на Маја Стаменковска. Жално е што хигиеничарите се повикувани во штабот на СДС кај „Млечен ресторан“ да потпишуваат членски книшки за да остануваат на работа. Јас никогаш ниту еден хигиеничар не сум го прашал од која партија е, битно ни беше општината да биде чиста. Впрочем, постојано беше отворен огласот за хигиеничари. – вели Јакимовски во телефонската изјава за Инфомакс.мк[/kopa_block_quote]

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This