МПЦ-ОА БАРА ПОПИС ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА: Светиот архиерејски синод бара спроведување на попис за излез од кризата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА изразува голема загриженост за актуелната ситуација во која се наоѓа македонското општество и повикува на меѓусебно почитување, проштевање, помирување и одговорност.
Soboren
САС на МПЦ во соопштението од денешната седница, апелира до политичките лидери да ја зачуваат уставната позиција на македонскиот јазик на територијата на РМ согласно Уставот, како и унитарниот карактер на државата.

– Сегашноста и иднината на Македонија ја гледаме преку сочувувањето на унитарниот карактер на Македонија, а за сето ова ни е потребно меѓусебно помирување и национално единство. Стремејќи се кон тоа, нашиот верен народ треба да се раководи и од евангелските христијански вредности – се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА.

Според САС, македонските национални државни и стратегиски интереси можат да се сочуваат само преку личната одговорност на секого од нас, што подразбира живеење по Божјите заповеди, запазување на државните институции и националните права загарантирани со Уставот на РМ.

– МПЦ е духовна мајка на сите православни верници и на сите други, независно од нивната национална и етничка припадност и таа родителски се застапува да не биде повредено ничие национално, етничко и верско достоинство – истакнуваат од САС на МПЦ-ОА.

Цени, како што стои во соопштението, дека на РМ ѝ е потребен попис на населението кој треба да биде изготвен не заради одземање нечии права, туку за остварување на придобивките на сите граѓани што живеат во државата.

Синодот на денешната седница разгледал повеќе актуелни прашања од црковниот живот во епархиите, воспитно-образовните институции и ја утврди програмата за одбележување 50 години од обновувањето на автокефалноста на МПЦ

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This