МПЦ-ОА ЗА ПРВПАТ ИМ ЗАБРАНИ НА СВЕШТЕНИЦИТЕ ДА ПРИСУСТВУВААТ НА КОЛЕДАРСКИТЕ ОГНОВИ: За свештениците кои нема да ја почитуваат повелбата на поглаварот ќе следат и казни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

МПЦ-ОА годинава за прв пат по долго време нема да присуствува на Коледарските или Бадниковите огнови кои се палат на отворено и се сметаат за стара традиција особено во Скопје.

Според Отец Бобан Митевски од МПЦ, Архиепископот г.г. Стефан, кој воедно е и митрополит на скопската епархија потпиша повелба со која им се забранува на свештениците од оваа епархија годинава на Бадник да присуствуваат и да ги благословуваат бадникарските огнови, пренесува Сител.

За свештениците кои нема да ја почитуваат повелбата на поглаварот ќе следат и казни. Ваквиот потег на МПЦ-ОА е да не се дава веќе поддршка на ритуал кој свои корени влече од паганската ера на словенскиот народ, а подоцна и на македонскиот кој задржал дел од словенската митологија, навики и култура кои ги фтопил заедно во својот бит што е денешната суштина на македонската народна и верска традиција.

Сепак, во одредени места ваквиот вид на прослави прераснуваат во општонародни фешти со многу алкохол, јадење и музика и се губи суштината на божиќното празнување кога се очекува мир во домовите, спокој во душата и радост за христовото раѓање.

Да потсетиме и дека градоначалникот на Скопје Петре Шилегов апелираше до граѓаните годинава да не палат огнови при прославата, додека пак сите скопски општини донесоа одлука да не доделуваат дрва за коледарски празнувања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This