МПЦ-ОА СЕ ОСВЕЖУВА СО МЛАД КАДАР:Архимандритот Јаков е новиот, тринаесетти владика во синодот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синодот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија добива нов епископ. Досегашниот старешина во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј“, во Ново Село, архимандритот Јаков е новиот, тринаесетти владика во синодот. Тој сега ја носи титулата Епископ Полјански и во иднина ќе биде викарен епископ на Митрополитот струмички господин Наум. Ваквата одлука на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ ОА беше донесена на 29 септември оваа година, а чинот на хиротонија ќе биде извршен за време на овој викенд во Струмица. Именувањето на новоизбраниот епископ започна вечерва во црквата Свети 15 Тивериоиполски Свештеномаченици во Струмица со одржувањето на чинот на наречение на кој во присуство на сите архиепископи беше прочитана синодската одлука со што истата се потврди и пред црквата односно народот.

Самата хиротонија или ракополагањето ќе биде утре на соборот на епископите кој ќе се одржи во манастирот Покров на Пресвета Богородица и Свети Леонтиј во Водоча. Тука поглаварот на МПЦ г.г. Стефан заедно со членовите на синодот ќе отслужи и Божествена литургија на која ќе се изврши хиротонијата на новоизбраниот епископ Полјански Јаков. Инаку новиот владика е роден на 23 ноември 1983 година во Куманово. Во 2004 доаѓа во Струмица како искушеник, а следната година е замонашен. Дипломирал на теолошкиот факултет во Скопје оваа година. Целио осум години е старешина на манастирското братство во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј“, во Ново Село

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This