МПЦ: He cмe диcкyтиpaлe зa лeгaлизaциja нa кaнaбиcoт вo peкpeaтивни цeли, нo кaкo пopoк нe гo oдoбpyвaмe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По најавите за легализација на канабисот во земјава за рекреативни цели во туристичките места, со свој став излегоа повеќе политички партии, но и невладини здруженија. Македонската православна црква МПЦ-ОА се уште нема заземано генерален став по ова прашање.

Од МПЦ за „Слободен печат“ велат дека Синодот нема дискутирано на оваа тема, односно дека чекаат конкретни насоки на кој начин би се одвивала легализацијата за да може и таму да се развие дебата по ова прашање.

„Синодот се уште нема изградено став во врска со легализацијата на марихуаната во земјава, односно луѓето кои се во Македонската православна црква немаат дискутирано на оваа тема, бидејќи се уште немаме репер кон што конкретно да се однесуваме“, велат од МПЦ.

И покрај тоа што нагласуваат дека конкретен одговор на ова прашање немаат, сепак од МПЦ потенцираат дека употребата на канабисот во медицински цели би била во ред.

„Генерално, како и за секоја работа, доколку станува збор за легализација во медицински цели тогаш е во ред, но доколку се работи за порок, тогаш не е во ред. Тоа се тие општи насоки, меѓутоа не е водена дискусија на оваа тема во некоја конкретна насока“, додаваат од МПЦ, пренесе Слободен печат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This