МРТВ ИЗБИРА НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР: На Цветковски му истекува мандатот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската Радио Телевизија распиша конкурс за избор на директор и заменик, кои ќе дојдат на местата на досегашните Марјан Цветковски и Харун Ибраими.

 

Според конкурсот објавен на интернет страната на јавниот сервис, раководните лица се избираат за период од три години со можност за уште еден мандат.

Марјан Цветковски е на чело на јавниот сервис шест години, односно тој за прв пат беше избран за генерален директор во 2012 година, заедно со неговиот заменик Харун Ибраими.

Цветковски има менаџерски договор со МРТ кој му истекува во март годинава.

Кандидатите што ќе се пријават треба да ги исполнуваат  следниве услови: да се државјани на Република Македонија, да имаат високо образование, да поднесат Програма за работа на МРТ за период од три години, да имаат над пет години работно искуство во областа на комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото.

Директорот и заменикот ќе ги избира Програмскиот совет на МРТ во кој има 13 членови. Пред три недели советот избра ново раководство и за претседател е именувана Смилка Јанеска – Саркањац, професорка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), а за заменик е назначен главниот и одговорен уредник на дневниот весник Коха, Ведат Мемедалиу.

Финансиските приходи на Јавниот сервис Македонска радио телевизија за годинава ќе изнесуваат 822.500.000 денари (13 милиони и 300 илјади евра), односно за 32 отсто помалку во однос на минатогодишните, според финансискиот план на Јавниот сервис што вчера беше усвоен на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија.

Од планираните приходи, од државниот Буџет се обезбедени 700 милиони денари или 0,5 отсто од Буџетот на РМ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This