March 29, 2024, 10:23 am

МУКИ И ШИЛЕГОВ ЌЕ ЈА ТУРКААТ ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА: Луѓето на Заев кои денес ќе бидат предложени за членови на комисијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголема доверба за туркање на платформата од Тирана низ собраниските комисии Зоран Заев имал во Мухамед Зекири и најблиските соработници.

zekiri-zaev-640x353-1

Најверојатно, Мухамед Зекири ќе биде еден од петтемина најлојални послушници на Зоран Заев кои ќе бидат предложени во Комисијата за избори и именувања, чиј состав треба да биде утврден денеска.

Освен Мухамед Зекири, како членови на СДСМ во оваа Комисија се очекува да бидат предложени Петре Шилегов и Дамјан Манчевски, а не би било неочекувано меѓу петте најдоверливи од 49 пратеници да се најде и некој од соросовата листа во СДСМ. Изборот тука е меѓу Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ.

Логиката за Петре Шилегов е дека партискиот портпарол не смее да размислува со своја глава, бидејќи Зоран Заев целосно го знае потеклото на неговиот огромен имот. Доколку Шилегов помисли да не ги слуша наредбите на Заев, лесно би можеле да почнат да излегуваат информации во јавноста околу милионите евра со кои располага семејството Шилегови.

Во јавноста веќе се отвори дилемата дека илјадници евра си префрлал Шилегов сам на себе како консултантски услуги за неговата адвокатска канцеларија или си плаќал кирија сам на себе, односно неговата адвокатска канцеларија му плаќала на Шилегов кирија, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем, за многу поситен случај СЈО неодамна отвори предмет.

Мухамед Зекири стана познат по тоа што според Заев не требаше да биде оставен на улица и да пати за леб, а истиот донираше 180.000 денари во кампањата на СДСМ. Токму Заев го вработи Зекири во СДСМ на плата од над 500 евра месечно, а според неговиот анкетен лист, минатата година успеал да се поднови со џип BMW X5 и со нов стан.

Кога Богоевски и Туфегџиќ се во прашање, ВМРО-ДПМНЕ откри дека невработената студентка од платеничката револуција на Сорос, Ивана Туфекџиќ, донирала 118.000 денари за СДСМ, колку што изнесуваат 40 просечни студентски стипендии. Лицемерниот граѓански активизам излезе на виделина и откако соросoвите плати, невладиниот Павле Богоевски во четири наврати ги донирал на сметка на СДСМ, вкупно 184.000 денари.

Дамјан Манчевски пак пред извесно време од ВМРО-ДПМНЕ беше обвинет дека како основач, сосопственик и контакт-лице во фирмата „Метропаркинг плус“ ДОО Скопје ги одржувал паркинзите, потоа наплаќал паркинг и казни за неовластено паркирање во Kуманово – благодарение на сопартиецот и градоначалникот Зоран Дамјановски-Циц.

Имено, како што тврдеа од ВМРО-ДПМНЕ, на 28 јануари 2011 година Дамјановски бизнисот го добил преку кумановското јавно претпријатие, кое склучило договор за одржување на градските паркинзи и наплата на паркинг, кој го добила српската фирма „Метропаркинг“ ДОО Белград. Еден од сопствениците на оваа фирма шест месеци претходно формирал своја фирма-ќерка со Манчевски во Македонија. Тендерот го добила српската фирма, но на терен бизнисот го спроведувала фирмата чиј сосопственик е Манчевски.

Инаку, токму во оваа Комисија каде се очекува членови на СДСМ да бидат Зекири, Шилегов, Манчевски и други најдоверливи луѓе на Заев, ќе се бие првата битка околу етапното реализирање на платформата од Тирана. Заев најави дека ќе поддржи кандидат од ДУИ без да побара да се отфрли или осуди тиранската платформа, што е јасен сигнал дека на Талат Џафери или кој и да е член од ДУИ, тоа ќе биде фокусот на неговото делување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This