МУКОСКИ ЗА ПPИTBOPOT НА ДИМОВСКИ: ,,Не е тоа моја работа.., кој го тераше да се јуначи против Уставните измени“!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дел од пратениците од опозицијата, според собраниски извори, го замолиле пратеникот Мукоски да дојде и да земе збор во Собранието во одбрана на колегата Љупчо Димовски, кому власта сака да му го одземе имунитетот и да му определи политички пpитвop. Одговорот на Мукоски бил “не е тоа моја работа.., кој го тераше да се јуначи против Уставните измени“!?, пренесува Магазин.

Мукоски, Љупчо Димовски, Сашо Василевски, Тарчуловски и Љубен Арнаудов, само пред една година делеа иста судбина на политички прогон, заедно беа незаконски пpитвopани, тормозени и влечени по судови. Сите тогаш беа солидарни и си даваа поддршка еден на друг. Но, кога дојде време да се гласа за смена на Уставот, поцврстите (Тарчуловски и Љупчо Димовски) издражаа и гласаа против, но послабите како Мукоски и Арнаудов, ги поддржаа уставните измени на Заев и како награда за тоа добија закон за политичка амнестија. Мукоски освен слобода, дополнително доби и награда од владата на Заев преку потпишување на пет тендери за семејната фирма “Атриум“, во вредност од 950.000 евра. Сега Мукоски делува како независен пратеник и нема интерес да се занимава со политичкиот притисок под кој повторно е ставен пратеникот Љупчо Димовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This