April 27, 2024, 12:16 am

МУКОСКИ ПРИЗНА ДЕКА НЕ ОДЛУЧУВА ЗА СОПСТВЕНИОТ ГЛАС КАКО ПРАТЕНИК: Мукоски во обидот да биде циничен, потврди дека тој за својот глас одамна веќе не одлучува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крсто Мукоски од редот исклучени пратеници од ВМРО – ДПМНЕ е позитивно изненаден од најавата на поддржувачите на „Македонија блокира“ да го посетат во неговиот дом во Вевчани по 11 месеци. Мукоски во обидот да биде циничен, потврди дека тој за својот глас одамна веќе не одлучува, пренесува Магазин.

Многу им благодарам и позитивно сум изненаден што им текна по 11 месеци да ме видат. Се разбира, во мојот дом ќе испиеме кафе, ќе бидат послужени со благо. Нема никаков проблем. – изјави пратеникот Мукоски.

Во врска со најавата од „Македонија блокира“ дека ќе му врачат протестно писмо во врска со неговото гласање за уставните измени и од него ќе побараат да ја промени својата одлука при повторното гласање во Собранието кога ќе биде потребно двотретинско мнозинство за потврдување на уставните измени, Мукоски вели дека ќе им каже оти писмото е на погрешна адреса.

Не можам предвреме да зборувам, да го видам прво писмото, па потоа би го коментирал. Но, ќе им кажам дека писмото е на погрешна адреса. – изјави Мукоски без да коментира на која адреса требало да се упати тоа протестно писмо.

„Македонија блокира“ во своето соопштение најави дека денеска ќе се одржи народен собир во Вевчани, по што ќе се посети домот на Мукоски.

Наредниот собир што го најавува движењето е вo сабота во Охрид од каде поворката ќе се упати кон домовите на пратениците Сашо Василески и Љубен Арнаудов при што и нив ќе им биде врачено протестно писмо во врска со нивното гласање за уставни измени и воедно и од нив ќе биде побарано да ја сменат својата одлука при повторното гласање во Собранието кога ќе биде потребно двотретинско мнозинство за потврдување на уставните измени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This