МУНДИЈАЛОТ ОСТАНУВА СО 32 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ: Најавите за проширување на бројот на учесници нема да се остварат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светското фудбалско првенство во Катар ќе се игра со 32 репрезентации и покрај најавите за проширување на бројот на учесници на 48. Главна причина е недоволното време за подготовка за новиот формат.

-Организацискиот одбор на Светското првенство во 2022 година не беше против зголемувањето на бројот на учесници на турнирот на 48. Катар отсекогаш бил отворен за идејата за проширување.

Меѓутоа по проучувањето на пpоблемот заедно, беше донесен заклучок дека потребна е детална проценка на можните логистички проблеми за што ќе биде потребно повеќе време и одлуката нема да биде донесена до крајниот рок за ова прашање – јуни. Затоа беше одлучено да се остане на постојниот формат, изјавија од прес-службата на Организацискиот комитет на СП 2022.

Првично беше планирано со проширувањето на бројот на учесници на 48, покрај Катар во организацијата на Мундијалот да се вклучи уште една земја од Персискиот залив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This