МУРИЊО САМОУВЕРЕНО: Јунајтед нема да ме избрка, за тоа ќе мора да ми плати богатство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четвртото коло во Премиер лигата донесе победа на Манчестер Јунајтед кај Барнли, за прекин на лошата серија порази.

Жозе Мурињо беше под голем притисок од англиската јавност поради резултатите на неговиот тим на стартот од сезоната, а тој по вчерашниот успех кратко одговори на шпекулациите дека би можел да остане без работа.

„Сите велат дека сум во опасност да останам без мојата работа. Ако ме избркаат, свесни сте колку пари ќе мораат да ми платат!?“ , се пошегува Португалецот.

55-годишникот заработува 16,6 милиони по сезона и според сегашната ситуација е сигурен на тренерското место на „Олд Трафорд“.

Навивачите покажаа дека стојат зад својот менаџер, поздравувајќи го по поразот од Тотенхем и вчерашниот триумф над Барнли.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This