МУХАМЕД ЗЕКИРИ НЕ Е ЕДИНСТВЕНИОТ МИЛЕНИК НА ЗАЕВ: Вработување во СДСМ добил и Дамјан Манчевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според информациите до кои дојде КУРИР, Дамјан Манчевски има еден месец подолг работен стаж од Мухамед Зекири во СДСМ.

damjan-manchevski-3

Советникот од Град Скопје, кој како координатор на советничката група на СДСМ добива и нешто повисок паушал од останатите, бил вработен во партијата на 12 јули годинава. Според нашите информации, за својот ангажман во СДСМ, Дамјан Манчевски е платен со 30.000 денари, приход надвор од парите кои ги добива како советник во Град Скопје.

КУРИР контактираше неколку советници на СДСМ од градското собрание, кои ни изјавија дека не се вработени во партијата, но замолија на анонимност. Дамјан Манчевски е познат по тоа што освен паушалите кои ги добива во советот на град Скопје, а сега и партиската плата, добро му оди со бизнисите и во општините со кои раководат кадри на СДСМ.

КУРИР утрово испрати барање до СДСМ со кое баравме одговор на одредени прашања, но досега освен повратен мејл со автоматски одговор со кој се потврдува дека нашите прашања се примени, повторно се соочуваме со молк од партијата.

prasanja-sdsm-n
Клик на фотографијата за поголема димензија

Според документите кои пред две години ги обелодени ВМРО ДПМНЕ, фирмата во сопственост на Дамјан Манчевски, „Метропаркинг плус ДОО Скопје“ во Куманово од градоначалникот Зоран Дамјановски – Циц добила бизнис вреден 400.000 евра.

-Манчевски призна дека фирмата во која тој бил сопственик работи по тендер во Општина Куманово, а неговото самопретставување за жртва е арогантно и неприфатливо. Потенцирам, тој не бил вработен во некоја фирма, туку бил сопственик на фирма која работи по тендер во вредност од 22.892.000 денари, рече Димовски.

Документите, нагласи тогаш Димовски, се многу јасни и недвосмислени. 

ilija-dimovski-630x419

-На 28.1.2011 година белградската Метропаркинг ДОО склучува договор со општинското јавно претпријатие Куманово-паркинг по добиен тендер. На истиот ден, на 28.1.2011 година белградската фирма испраќа допис до Куманово-паркинг со кој ги информира дека за комуникација, техничко поврзување, финансиско работење (уплати и исплати), како и сите други активности ја овластува фирмата од Македонија: Метропаркингплус ДОО Скопје. Со овој допис станува јасно се. Фирмата од Белград е само параван и начин како да се затскрие скопската фирма во која сопственик е потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, посочи Димовски.

Инаку, во јавноста се уште не стивнуваат реакциите за вработувањето на Мухамед Зекири во СДСМ, кој е за 10 000 денари подобро платен од Дамјан Манчевски.

За разлика од Манчевски и Зекири, долгогодишни функционери и активисти како Јани Макрадули и Нора Шакири се уште се невработени. Впрочем минативе денови имаше жестоки внатрепартиски полемики на оваа тема.

Гордана Поп Симонова, професорката која со години јавно ја критикува власта и го поддржува СДСМ, преку Фејсбук му порача на Заев дека е гневна, затоа што тој е непромислен, нетактичен и наивен.

Еве дел од нејзиниот текст:

gnev-zaev

Критики за политиките на Заев отворено стигнаа и од  опозицискиот колумнист Ивор Мицковски и некогашниот претседател на градската организација на социјалдемократите и близок пријател на екс лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, Љупчо Палевски.

ivor-status

palevski640

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This