МУХАМЕД ЗЕКИРИ НИКОГАШ НЕ БИЛ ФАКТОР ВО СДСМ: Високи функционери на ДУИ со „дрва и камења“ по Мухамед Зекири!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Артин Спахиу, директор на Археолошкиот музеј и висок функционер на ДУИ од Дебар, на својот ФБ профил остро го кpитикувaшe потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, објаснувајќи дека тој никогаш не бил фактор во партијата во која неодамна стана член откако ја напушти новинарската фела.

Според Спахиу, Мухамед Зекири „органски ги мpaзeл УЧК“, а ширел и говор на oмpaзa слично како и Миленко Неделковски, објаснува Спахиу.

 

Во однос на ДУИ, искуството покажало дека СДСМ не му обраќа воопшто внимание на Муки, кој исто како и Миленко, со кој има многу сличности како начинот на размислување, фризура, па и стомак, имаат патолошка омраза кон тepopистите на УЧК.

СДСМ нему не му обрна внимание ниту кога се формираше владата, ниту на локалните избори кога тој дојде во Дебар и Струга за да ја поддржи Алијансата, ниту пак кога пред еден месец тој се обидуваше да ги убеди советниците на СДСМ да не одат на седица ( дури и ги покани на ручек во Скопје) за да не гласаат за в.д. градоначалник на општина Дебар од редовите на ДУИ

Не сфаќајте го сериозно Муки дека СДСМ му го оставиле секторот за третирање на зaтвopeници, и сега му дојде моментот да се промовира самиот себе си за да биде некој фактор.

П.С. Колку повеќе Муки го пцуе СДСМ, толку повеќе ги сакам. Го молам Господ да не почне да ја пцye Алијансата, зашто ќе почнам да ја сакам. – пишува Спахиу на неговиот ФБ профил, пренесуваат порталите на албански јазик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This