МУХИЌ ГО РАЗОТКРИ ПЛАНОТ НА ЗАЕВ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Ќе се чека Палмер да изврши притисок, во моментов СДСМ нема мнозинство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од СДСМ од редовите на т.н. независни членови во Собранието на Македонија, Ферид Мухиќ, пред почетокот на денешното продолжение на седницата за уставни измени со два одговори ја потврди стратегијата на Зоран Заев, пренесува Магазин.

Ако се гласа денес, значи е обезбедено двотретинско мнозинство, ако не се гласи, значи не е, рокот е мислам некаде до среда, но мислам дека денес ќе успее. – изјави Мухиќ.

Пратенкот кој Преспанскиот договор го оцени како најголемо понижување и уцена на Македонската држава и Македонската нација, на вториот ден од собраниската седница, по паузата го промени својот став и изјави дека штетен или не, тој сепак ќе гласа за Преспанскиот договор, т.е. уставните измени.

Мухиќ со коментар и за посетата на помошник заменикот државен секретар на САД, Метју Палмер во понеделник.

Доаѓањето на официјални претставници на САД е очигледен притисок да успее процесот. – изјави Мухиќ.

Со ова се потврдија шпекулациите дека сосема е изведно дека собраниската седница денес ќе заврши без гласање и дека ќе се чека посетата на Палмер по што уставните измени ќе се гласаат во среда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This