МУХИЌ КОНТРА ДОГОВОРОТ НА ЗАЕВ: Со договорот Грција ја монополизира историјата и го брише Македонскиот идентитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Независниот пратеник Ферид Мухиќ кој е во коалиција со парламентарното мнозинство на СДСМ, во вчерашното гостување на Само Вистина жестоко го нападна договорот за промена на името. Тој иако е дел од владеачкото мнозинство, застана во одбрана на македонскиот народ и неговото човеково право на самоопределување како и правото на сопствено толкување на историјата. Мухиќ вели дека со договорот Грција се обидува да ја монополизира историјата. Според него, тие се обидуваат да го променат начинот на кои Македонците ја воспримаат сопствената историја, нешто што според него е антидемократско, антислободарско.

-Не може никој да ја смени историјата, историјата е таа која што е. Но се менуваат приказите, историските книги, толкувањата. Но и тоа е право на секоја држава. Зошто некој би полагал право на тоа да ги менува учебниците или начинот на кој што една држава има рецепција на сопствената историја. Каде е тука мотивот на слободата, каде е тука мотивот на демократијата, вели Мухиќ

Мухиќ истакна дека е смешно и гротескно да се поставуваат границите на антиката во држава во која на секој чекор има историски локалитети.
-Смешно и гротескно е да кажете дека дотука е антика, оттука не е. Па на секој чекор имате наоди, Стоби и Хераклеа, големи наоѓалишта кои се несомнено од антички период. Хеленски и Хеленистички период треба да се разграничи. Хеленски е само овие државите кои биле полиси, Атина, Спарта, Теба, Коринт итн. Тоа се хеленски, а хеленистички се после до падот на последната македонска династија кога доаѓа римското царство тоа е хеленистички период и во филозофија и во етика, и архитектура, вели тој.

За Мухиќ е евидентно дека има разграничување помеѓу античките хелени и античките Македонци и спомена два примера каде јасно се прави дистинкција помеѓу овие два антички народа и покрај обидите на Грција да го монополизира нивното културно наследство.

-Сега тука Грците поставуваат монопол, денешните Грци врз некаква идентичност, идентитетот дури и етнички на античките Македонци и Хелените . Меѓутоа ја ќе дадам два примера и ги реков јас во Атина пред 25 или 6 години. Тие стриктно се разграничуваа историски. Хелените од времето на Александар Македонски, Филип Македонски неговиот татко, апсолутно не се сметаа за идентични, туку се сметаа супериорни за Македонците кои ги сметаа за варвари. И во тој контекст Аристотел за илустрација , 40 години живеел и бил признаен од цел Хеленски свет за најголем филозоф, 40 години живеел во Атина и не добил државјанство под претекст дека тој е варварин Македонец и не е Хелен и не може да го доби. Каде барате поголем доказ? Од друга страна има уште еден кој јас би рекол е по фрапантен. Кога Александар Македонски тргнал на својот воен поход се приклучиле сите држави градови, полиси на Хелеснките држави. Освен онаа најзначајната, највоинствената. Спартанците напишале писмо и направиле еден споменик голем од железо. Дека на нас Лакедемонците не ни доликува да ни командува еден варварин и ние со него не одиме, и срам да им е на сите Хелени што тргнале по еден варварин. Па каде по јасна дистинкција сакате. Кавафис во една своја песна го има тој мотив. Значи не може да се монополизира историјата, заклучи тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This