Муцунски:Во Македонија продолжува еколошkaта kaтастрофа, зaгaдувањето на воздухот е една од нaјголемите зakaни за здравејто

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес кога почнува амандманската расправа за Буџетот за 2021 година, како Пратеници од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистираме на итни и интерветни политики насочени кон намалувањето на загадувањето и справувањето со сите негативни појави во областа на животната средина – изјави денеска за медиумите, Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Само во текот на последниот викенд, речиси и да немаше поголем град низ Македонија каде индикаторите за аеро-загадување не беа застрашувачки. Во Македонија продолжува еколошката катастрофа која не засега сите нас. Загадувањето на воздухот е една од најголемите закани за здравејто и мора нешто да се превземе во најбрз можен рок, вели тој.

– Негативните трендови не засегнуваат сите, а според огромен број научни студии најмладите генреации нема да можат да го достигнат својот потенцијал заради токсичните материи во воздухот. Истовремено, најстарите генерации со хронични заболувања се во постојан ризик. Посебно земајќи ја во предвид кризата од глобалната пандемија, ризикот за смртоност во Македонија веројатно се зголемува токму заради овој непосакуван фактор.
Преку консултација со Невладината организација 02 Иницијатива, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе голем број амандмани кои ќе овозможат во краток рок да отпочне примена на конкретни политики, истакна Муцунски.

Меѓу другото, амандманите предвидуваат:
1. Субвенции за поставување на филтри од домашно производство за 25,000 домаќинства кои се греат на дрва и други загадувачки материи.


2. Промена на начинот на загревање на здравствените и образовните установи во најзагадените градови во Македонија од мазут/нафта во гас/топлотна межа/топлински пумпи/сончеви колектори.
3. Поставување на DPF (diesel particulate filters) и SCR (selective catalytic reduction) системи на автобусите и градежните машини во најзагадените градови во Македонија. Поради неможноста да се заменат постоечките со нови, потребно е прилагодување на старите автобуси и градежни машини кои продуцираат високо и опасно загадување во градовите.


4. Поставување на филтри на јавните институции во најзагадените градови во Македонија кои нема да го променат начинот на греење во незагадувачки.


5. Субвенции за поставување на плински уреди во 10,000 возила.


6. Aкредитација на Централната лабораторија за животна средина на МЖСПП – Aкредитација на методите за одредување на тешки метали во воздухот, акредитација на методите за одредување на полициклични ароматични јаглеводороди во воздухот, за потребите на инспекторите. Редовно одржување и надградба на инструментите што се употребуваат за хемиска анализа, посочи тој.

– Бараме од колегите од другите пратенички групи да се придружат кон овие амандмани предложени од невладиниот сектор и експерти. Проблемот е колективен, а неуспехот значи влошена здравствена состојба на сите наши граѓани. Доколку сакаме да ги надминеме бариерите на дневната политика, токму преку заедничко усвојување на овие амандмани можеме да покажеме дека Македонија може поинаку, дециден е Муцунски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This