Муцунски: Аболицираниот криминалец Заев и мафијашкото поразено раководство на СДСМ да си поднесат неотповиклива оставка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и мафијашкото поразено  раководство на СДСМ треба да си поднесат неотповиклива оставка. Поминаа 31 ден. Нема ниту траг од исполнувањето на јавното ветување на аболицираниот Заев дека ќе си поднесе оставка доколку СДСМ ги изгуби изборите. Народот за ова вика “образ како ѓон”. СДСМ загуби. Раководството е поразено истакна на денешната прес конференција Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

timco-mucunski

Има ли маж во криминогеното раководство на СДСМ, праша тој, кој треба да му соопшти на Заев барем еднаш да си остане на зборот и да го признае поразот од граѓаните.

-Ова раководство на СДСМ и официјално го загуби кредибилитетот од граѓаните. Граѓаните испратија порака. Мнозинството граѓани силно и одлучно кажаа стоп на разградувањето на државата и креирањето на кризи од страна на СДСМ.Нема друг пример во било која земја лидерот на опозицијата да доживее пораз, да биде фатен на видео како прима поткуп од 200 илјади евра, да биде аболициран за криминал од 8.5 милиони евра, да си дели тендери на фирми на свои блиски роднини и пријатели и повторно да излезе и да ја лаже јавноста. Затоа треба Заев да си поднесе оставка, закличи Муцунски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This