Муцунски: Власта требаше посериозно да ја сфати набавката на вакцина, а не да чекаме да останат дози од другите земји, за потоа истите да се искористат кај нас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакцинацијата во Македонија многу доцни и државата, односно оние кои што раководат со државата за време на оваа пандемија, требаше многу поревносно и посериозно да ја сфатат набавката на вакцината, смета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски кој за „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ истакна дека вакцините се неопходни за голем дел од македонските граѓани, особено за онаа критична категорија на луѓе кои што имаат и други хронични заболувања.

– Додека земјите од соседството веќе отпочнаа со вакцинирање, Република Македонија чека да останат дози од другите земји, за потоа истите да се искористат кај нас. Тоа не е воопшто сериозно, ниту пак нормално во ваква ситуација. Државата мораше да има поконкретен контакт со производителите на вакцините, да се разгледаат сите можности и потоа да се нарачаат дозите кои што на почетокот ќе помогнат за одредена бројка на граѓани”, додаде Муцунски.

Тој посочи дека Македонија се соочи со енормни бројки во однос на заболени и за жал починати од Ковид-19 вирусот, сега веќе сведочиме и на огромна бројка граѓани кои се со антитела, односно со прележан Ковид-19 вирус.

– Но, тоа не е решение. Решение ќе имаме кога граѓаните ќе знаат дека имаат своја вакцина, која што треба да ја примат и потоа да почнат да го нормализираат животот. Вака како што во овој момент е ситуацијата во земјата, граѓаните се zуште се оставени сами на себе и најверојатно за жал уште долго ќе ја чекаат вакцината, заврши Муцунски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This