Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ ќе води успешна кампања фокусирана на здравјето на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва на „Отворено Студио“ гостуваше Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води доста успешна кампања која ќе биде фокусирана за заштита на здравјето на граѓаните.

„Па ние како политичка партија бевме подготвени за процес на кампања уште за избори што требаше да се случат на 12-ти април. Тоа што концептуално смени верувам доста за сите политички партии е фактот што ние сега треба да ставиме поголем фокус на пандемијата, на тоа што ни се случува со Ковид-19. И од гледна точка на градењето на нашите идни политики односно на програмите, исто така и од начинот на кој што се однесуваме во рамките на самата кампања. И тоа е една поголема промена за која што сите моравме да вложиме дополнителен напор и енергија за да се подготвиме. Но мислам дека има добра насока, има добра траекторија, и мислам дека ова ќе биде за нас како политичка партија една многу успешна кампања“, истакна Муцунски.

Муцунски додаде дека одговорност како политички субјекти сите ќе имаат, бидејќи сакаат на тие три дена на гласање да обезбедат поголема излезност. А, големата излезност ќе се обезбеди ако се осигураат граѓаните и дека процесот на кампањата, и денот на гласањето се безбедни. А, во таа насока сите ќе бидат внимателни. Ќе се одбегнуваат масовни собири.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This