April 27, 2024, 12:53 am

МУЦУНСКИ ЗА НОМИНАЦИЈАТА НА УНГАРЕЦОТ: Веруваме дека разговорите за пристапување кон ЕУ ќе започнат за време на мандатот на Трочањи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Номинацијата на Ласло Трочањи за комесар на ЕУ за соседска политика и проширување испраќа позитивна и силна порака до земјите што имаат за цел пристапување во ЕУ, вели за новинската агенција В4НА Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на десничарската Внатрешна македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО –ДПМНЕ). Покрај Македонија, номинацијата за унгарски политичар беше позитивно прифатена и во Србија. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, исто така, ја нарече кандидатурата на Трочањи добра вест.

И Србите и Македонците ја поздравија одлуката на претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен да го додели Комесаријатот за европска соседска политика и преговори за проширување на поранешниот унгарски министер за правда, Ласло Трочањи.

Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за агенцијата В4НА вели дека потенцијалното назначување на Ласло Трочањи е стратешки важно за Западен Балкан и особено за Македонија.

-Фактот дека земја од Вишеградската група може да го делегира лидерот на еден од најважните сегменти на Европската комисија е многу значаен за земјите што сакаат да влезат во ЕУ. Ова испраќа позитивна и силна порака дека следната Комисија ќе има вистински планови за Западен Балкан, рече Тимчо Мучунски.
Тој додава дека Македонија знае дека Унгарија ја смета за стратешки партнер политички, економски и културен.

-Се надеваме дека ќе соработуваме со новиот комесар и веруваме дека разговорите за пристапување може официјално да започнат со Македонија за време на неговиот мандат, рече Муцунски.
Потенцира дека кандидатот добро го познава Западен Балкан, а неговата партија Фидес е посветена на проширувањето на ЕУ.

-За оваа позиција е избран судски експерт, кој може да ги посочи правните недостатоци на системот. Ние сме задоволни од неговата номинација, подвлече Тимчо Мучунски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This