Муцунски: Македонија имa мнoгy лoши cтaтиcтики со мopтaлитeтот и e нa четврто место во светот по однoc на бројот на cmpтни cлyчaи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски се обрати на Скопскиот Економски и Финансиски Форум.

Муцунски во своето обраќање нагласи дека итен и ефикасен менаџмент е потребен за справување со секоја криза – па и со оваа предизвикана од пандемијата на Ковид-19. Според него, здравствените системи во светот не беа подготвени да се справат со ваков обем на пандемија, но економските политики беа заради искуството од минатата голема финансиска криза од 2008/9 година. Брзината, големината и опфатот на одговорот на економските политики беше исклучителна, со што се спречи мрачното сценарио за длабока и долготрајна светска рецесија.

Во однос на домашниот одговор на оваа двојна криза, здравствена и економска, Македонија нема добри резултати. Според Муцунски, фактите од меѓународните мерења го говорат тоа. Македонија има многу лоши статистики поврзани со морталитетот и е на четврто место во светот по однос на бројот на смртни случаи по 100.000 жители според Центарот за системска наука и инженерство при Универзитетот Џон Хопкинс.

Воедно, брзината, големината и опфатот на мерките на домашните економски политики беа послаби од другите земји во регионот. Така, согласно Фискалниот Монитор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), директната помош преку фискалните мерки за македонските домаќинства и бизниси од Јануари 2020 до Јуни 2021 е само 3,6% од БДП. Уште повеќе, поразителен е трошокот за здравствените мерки од само 0,6% од БДП. Наспроти ова, во овој период државниот долг галопирачки порасна за повеќе од 15 проценти поени (од 40,7% од БДП на 55,9% од БДП). Според Муцунски, ова јасно ја покажува ниската поддршка што ја доби домашниот приватен сектор, наспроти високата кумулација на долгот. Муцунски истакна дека долгот порасна во услови на продолжено непродуктивно трошење на јавните пари за стоки и услуги кои не беа итни и критични за справување со кризата и заради вработувањето во јавната администрација, коешто не запре дури и во период пред избори. Наспроти ова, реализацијата на капиталните расходи беше историски ниска и продолжува да заостанува, како што истакна, и во текот на 2021 година.

Рецесијата во Македонија беше поболна од земјите во регионот – БДП се намали за 4,5% во 2020 година и за 1,9% во првиот квартал од 2021 година, додека многу земји почнаа да закрепнуваат уште во првиот квартал. Споредбата на оваа рецесија со претходните во домашната економија (во 2009 и 2011/12 година) и композицијата на БДП несомнено покажа дека инвестициската активност беше клучна одредница за таквите лоши перформанси.

На крај Муцунски заклучи дека фискалниот простор е значително намален, што пак повикува на значителна фискална консолидација. Доколку Владата не се освести за фактите пред нејзе и не отвори соодветен дијалог со засегнатите страни ќе продолжи трендот на создавање несоодветни мерки кои силно влијаат на деловното окружување и стандардот на граѓаните. Доброто управување е клучно за развојот на секоја економија, за што оваа Влада не може да се пофали и тоа во сите сегменти на нашето живеење – вклучително и со справувањето со корупцијата и криминалот, градењето на подобра животна средина, дигитализацијата итн.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This