April 20, 2024, 10:07 am

МУЦУНСКИ: Нашата влада наместо да биде проактивна, е реактивна во целиот овој процес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во една од утринските емисии посочи дека се што СДСМ рече дека нема да направи се докажува во пракса дека работи. ВМРО-ДПМНЕ понуди пакет кој што може да биде корисен, пакет кој што ќе биде во интерес на сите наши граѓани.

„Од една страна имате вие економска визија, од другата страна имате обид за гол популизам. И сега и ова ќе морам да го поврзам со евроинтеграции. Една од најголемите заложби кои што ги имаше во Извештаите на господинот Прибе беше издвоеноста на партијата од државата. Ние пред неколку дена во викендот видовме како лидер на политичка партија практично излегува и се преставува како тој де факто да ја диктира владината агенда во делот на економската политика. Односно ќе кажам и она што го имам напишано на социјалните медиуми, се што СДСМ рече дека нема да направи се докажува во пракса дека работи“, истакна Муцунски.

Муцунски додаде дека во делот во платата на администрацијата искрено зборувајќи со многу претставници на бизнис заедницата, со многу економски експерти сите ќе кажат дека се работи за сосема погрешен чекор. Вакво радикално намалување на примањата на една голема група граѓани ќе биде контрапродуктивно за економските варијабили и ефекти кои што ќе бидат потребни земајќи во предвид со каква криза се соочува државата.
„Мене ме загрижува тоа што нашата влада за разлика од другите влади низ светот во сред кризата предлага економски мерки, а сите земји веќе кога доаѓаше оваа криза, уште кога не беше во најголема сила, подготвуваа пакети за заштита на приватниот сектор, за заштита на финансиски институции, за заштита на макроекономската стабилност. А, нашата влада наместо да биде проактивна, е реактивна во целиот овој процес. А, тоа добро го чувствува и бизнис секторот“, појасни Муцунски.

Муцунски образложи дека е загрижувачки кога се гледа како претставници на бизнис заедницата некаде до петок одредени најави, банкарскиот сектор на пример креира свои политики врз основа на тие најави кои што ги има. И после радикално доаѓа до нови политички концепти кои што целокупните планови на економската заедница нагло ги променува преку ноќ.
„Како ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека понудивме пакет кој што може да биде корисен, пакет кој што ќе биде во интерес на сите наши граѓани“, посочи Муцунски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This